Величко, скопски војвода
„Величко, скопски војвода“ — македонска народна песна. Песната е посветена на Величко Велјанов кој во песната поради носталгија, решил да се врати дома кај мајка му во родното Црешево. Песната е од ајдутски карактер.
„Величко, скопски војвода“ | |
---|---|
Песна | |
Јазик | македонски |
Жанр | македонска народна музика |
Должина | 4:11 (Сирма) |
Композитор(и) | непознат, со разни современи аранжмани |
Текст
уреди-Величко, скопски војвода
ноќеска гора оставил,
решил при мајка да оди,
силна го тага фанала.
Куќа сум мајко отворил,
у тие горски пештери,
а од тебе кријам одамна,
у тија борби крвави.
Проштевај мајко, не жалај,
збогум за навек од мене.
Не можам, мајко комитска,
в' ропство да трпам крваво,
ни да го гледам народот
како се сруши на нозе.
Когај да влезе наближил,
у тоа село Црешево,
наеднаш пушки згрмеа
од сите страни на него.
Извади бомби од појас,
разигра срце јуначко
кога ми леле пукнаа
цела се земја потресе.
Проштевај мајко, не жалај,
збогум за навек од мене.
Не можам, мајко комитска,
в' ропство да трпам крваво,
ни да го гледам народот
како се сруши на нозе.
Надворешни врски
уреди- Величко, скопски војвода (текст и музика) на pesna.org Архивирано на 14 октомври 2020 г.