Величествените седуммина јаваат
„Величествените седуммина јаваат!“ (англиски: The Magnificent Seven Ride!) — американски филм од 1960 година, во режија на Џорџ Макауан. Главните улоги ги граат: Ли Ван Клиф, Стефани Пауерс, Мајкл Калан, Мариет Хартли и Лук Аску.[1]
Синопсис
уредиНа Дивиот запад ништо ново: мексиканските разбојници постојано го ограбуваат населението, но шерифот Крис Адамс никако да одлучи да им застане на патот. Иако неговиот пријател постојано го предупредува на опасноста од бандите, Адамс ја одложува пресметката со нив. Меѓутоа, кога разбојниците ќе ја убијат неговата сопруга, како и еден негов добар пријател, Крис посакува да им се одмазди и собира седуммина храбри и одлучни луѓе со кои тргнува во пресметка со бандата...