Васил Николов Војнов, познат како Саатчијата, — македонски револуционер, битолски војвода на Македонската револуционерна организација.

Васил Војнов
Роден 1876
Битола, Македонија
Починал непознато
Софија, Бугарија

Животопис уреди

Војнов е роден во 1876 година во Битола, тогаш во Отоманското Царство. Млад заминува за Романија, каде што учи за часовникар. Во 1896 година се враќа во родниот град. Во 1900 година влегува во ВМОРО и извршува терористички задачи. Во 1904 - 1905 година е раководител на терористите на ВМОРО во Битола. Од 1905 година станува четник при Наум Петров Буфчето, а по неговата смрт на крајот на годината е војвода до Младотурската револуција во 1908 година.

Во 1910 година Младотурската власт го уапсила и осудила на 101 години затвор, бил заточен во Синоп. Ослободен е во 1912 година [1].

Извори уреди

  1. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 25.