Валентина Мелникова

(Пренасочено од Валентина Мелинкова)

Валентина Дмитриевна Мелникова (28 февруари 1946, Москва) е руски активист за човековите права и политичар. Исто така е член на граѓанскиот совет на руското Министерство за одбрана и одговорен секретар на Унијата на комитети на мајките на војниците на Русија.

Во 2012 година таа станала член на Бирото на Федералниот политички совет на „Партија на слободата“. Во 2005-2012 година била прогласена за потпретседател на Републиканската партија на Русија. Претходно била лидер на Обединетата национална партија на мајките на војниците.

Во 2011 година таа била 22 по ред на листата во „топ 100 највлијателни жени во Русија“.[1]

Биографија

уреди

Валентина Дмитриевна Мелникова е родена на 28 февруари 1946 година во Москва. Таа дипломирала на геолошкиот факултет на Државниот универзитет МВ Ломоносов во Москва.

Мелникова работела како инженер во следниве институции: институтот за гео и аналитичка хемија Вернадски, институтот за минерални суровини ширум Унијата, факултетот за гео-хемија, државниот универзитет М.В. Ломоносов во Москва.

Од 1989 година почнала да биде активна во спроведувањето на човековите права и воспитно-образовната работа во Комитетот на мајки на војници ширум Унијата. Подоцна се вработила и во Комитетот на мајките на војниците на Русија, како секретар за печат.

Мелникова во периодот од 1990 година до 1995 година била ко-основач и заменик директор на „Хронос“. „Хронос“ е мало претпријатие за производство на рендген опрема.

Во 1998 година, Мелникова го иницирала основањето на здружението „Сојуз на комитети на мајки на војници на Русија “ низ целата Руска држава и ја избрале за секретар на Унијата.

Во ноември 2004 година ја поставиле за претседател на Обединетата национална партија на мајките на војниците на основачкиот конгрес.

Мелникова на партискиот конгрес во декември 2005 година, била избрана за копретседател откако партијата на мајките и војниците се споила со Републиканската партија на Русија. Оваа нејзина улога траела до 2012 година.

Уште од 2012 година Мелникова е член на Бирото на Федералниот политички совет на „Партија на националната слобода на Русија“.

Наводи

уреди
  1. „Рейтинг "100 самых влиятельных женщин России". Interfax.ru (руски). 2012-01-23. Посетено на 2017-08-25.