Вади

речна долина во сувите краишта

Вади (арапски: وادي) — традиционален арапски израз за сува река, а со тоа и нејзиното суво корито, па дури и целата речна долина. Овие суви корита се полнат привремено или периодично со водени текови — најчесто за време на обилни дождови или во зимската сезона. Долините главно имаат стрмни падини, а на дното се натрупува нанос. Се смета дека вадијата се реликтни речни долини образувани во претходните, многу повлажни епохи. Тие достигнуваат стотици километри и завршуваат во падини, често без одводнување. Во Арапскиот Свет, зборот „вади“ често се појавува во географските имиња.[1]

Вади во Мароко со вода по дожд

Наводи уреди

Надворешни врски уреди