Бура во Галилејското Море

слика на Рембрант од 1633 г.

Бура во Галилејското Море (холандски: Christus in de storm op het meer van Galilea) е слика на холандскиот уметник Рембрант ван Рајн. Тоа е единствениот морски пејзаж на Рембрант.[1]

Бура во Галилејското Море
Christus in de storm op het meer van Galilea
Творец Рембрант ван Рајн
Година 1633
Вид масло на платно
Димензии 160 см × 128 см
Место загубена по грабежот на 18 март 1990 г.

Нацртана е во 1633 година и до 18 март 1990 година се наоѓала во музејот Изабела Стјуарт Гарднер во Бостон, Масачусетс, кога била украдена.

Сликата го претставува чудото на Исус, скротување на бурата во Галилејското Море, како што е опишано во четвртата глава на Евангелието од Марко во Новиот завет. Се смета дека Рембрант се цртал себеси во сликата — на неа се прикажани Исус, 12-те негови ученици и уште еден морнар кој гледа кон гледачот. За тој приказ се вели дека е автопортрет на уметници.

Сликата е загубена после грабежот на 18 март 1990, кога, преоблечени како полицајци, крадци собираат 12 слики од истиот музеј. Празните рамки на сликите стојат на истите места и денес.

Наводи

уреди
  1. Goldfarb, Hilliard T. (1995). The Isabella Stewart Gardner Museum: A Companion Guide and History. Yale University. стр. 97–98. ISBN 0-300-06341-5.

Надворешни врски

уреди