Булоњска декларација
Декларација за суштината на есперантизмот (Предлошка:Lang-eo), вообичаено наречена Булоњска декларација (Bulonja Deklaracio) – историски документ кој воспоставил повеќе битни премиси за есперантското движење.[1] Декларацијата ја напишал Л. Л. Заменхоф и била ратификувана во 1905 година од учесниците на првиот Светски есперанто конгрес кој се одржал во Булоњ-сир-Мер, Франција.[1]
Булоњска декларација Bulonja Deklaracio | |
Заменхоф и другите учесници го напуштат првиот Светски есперанто конгрес
| |
Создаден | 1905 |
' | август 1905 |
Место | Булоњ-сир-Мер, Франција |
Автор(и) | Л. Л. Заменхоф |
Намена | есперанто |
Содржина
уредиБулоњската декларација се состои од вовед и пет точки.
Во воведот, Заменхоф појаснува дека пет точки од декларацијата се неопходни за да се утврди, бидејќи многу луѓе погрешно ја разбираат природата на есперантското движење. Петте точки во голема мера се одговор на тие погрешно разбрани мислења.
- Есперантизам е движење кое го поддржува есперантото како меѓународен помошен јазик. На тоа не може да му се додадат други значења. Тоа е политички, религиозно и морално неутрално, и не се обидува да ги замени сите постоечки јазици, туку само да ги надополни.
- Оние кои го поддржуваат есперантото тоа го прават затоа што тоа е најреалистичниот меѓународен помошен јазик кој постои, и работат на негов понатамошен развој врз основа на оваа цел.
- Есперантото не припаѓа никому. Секој може да го користи од која било причина која му се допаѓа..
- Основа на есперантото е единствениот постојан задолжителен фундамент на есперантото и не може да се менува. Со други зборови, есперантото не зависи од ниту еден законски орган, управно тело, или поединец, вклучувајќи го и самиот Заменхоф. Ако јазичната работа не е опфатена во „фундаменто“, поединецот треба да се справи со проблемот.
- Есперантист е секој кој течно говори есперанто. Вклученост во есперантската заедница се поттикнува, но не е задолжителна.[2]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Schor, стр. 90
- ↑ „Boulogne Declaration“. Архивирано од изворникот на May 6, 2014. Посетено на November 16, 2017.
Цитирани дела
уреди- Schor, Esther (2016). Bridge of Words: Esperanto and the Dream of a Universal Language. New York: Henry Holt and Company. ISBN 978-1-42994-341-3. LCCN 2015018907. Посетено на November 16, 2017.
Надворешни врски
уреди- Declaration of Boulogne, English translation