Булова функција
Во математиката, (конечносна) Булова функција е функција од обликот f : Bk → B, каде B = {0, 1} е Булов домен, а k е ненегативен цел број наречен арност на функцијата. Во случај каде што k = 0, „функцијата“ е во суштина константен елемент на B.
Секоја k-арна Булова формула може да се изрази како исказна формула во k променливи x1,…,xk, а две исказни формули се логички еквивалентни ако и само ако ја изразуваат истата Булова функција. За секое k има k-арни функции.
Буловите функции во програмите
уредиБуловата функција опишува како да се одреди Булово-вреднуван извод заснован на извесна логичка пресметка од Булови вносови. Ваквите функции играат основна улога кај прашањата за теоријата на сложеноста како и дизајн на кола и чипови кај дигиталните компјутери. Својствата на Буловите функци играат стожерна улога во криптографијата, особено кај дизајнот на симетрични клучни алогирми (видете кутија за замена).
Буловите функции честопати се претставени со реченици во исказната логика, а понекогаш и со повеќепроменливи полиноми над GF(2), но поефикасно се претставуваат по пат на бинарни одлучни дијаграми, негациски нормални форми и исказни насочени ациклични графици.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- Digital Design, Mano. M. Morris