Бугарски споменик (Црничани)

воен споменик кај Црничани, Македонија

Бугарски воен споменик во Црничани — воен споменик во селото Црничани, околу кој се наоѓаат и гробови каде се погребани војници кои загинале во Првата светска војна.

Бугарски споменик (Црничани)
Споменикот на генералот Константин Каварналиев на гробиштата во 2023 година
Карта
Координати41°14′56″N 22°38′57″E / 41.24889° СГШ; 22.64917° ИГД / 41.24889; 22.64917
МестоЦрничани, Македонија
Висина7 м.
Започнат1916
Посветен наКонстантин Каварналиев
Обновен2019
Срушен1966

Споменикот бил срушен во 1966 година, додека во 2019 година бил повторно подигнат.

Местоположба

уреди

Споменикот се наоѓа непосредно до регионалниот пат 1105, на половина пат помеѓу селата Ѓопчели и Црничани.

Историја

уреди

Во 1916 година, во време на Првата светска војна бил подигнат споменикот висок 7 метри во чест на Константин Каварналиев, на местото каде што тој претходно бил погребан.[1]

На 1 август 2019 година, премиерите на Бугарија и Македонија, Бојко Борисов и Зоран Заев, го откриле возобновениот споменик, кој бил уништен во 1966 година.[1]

Покрај главниот споменик, се наоѓаат и гробови на војници од 58. пешадиски полк.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „СПОМЕНИКОТ НА ГЕНЕРАЛОТ КАВАРНАЛИЕВ ЌЕ ПРИВЛЕЧЕ ТУРИСТИ ОД БУГАРИЈА, КАЖА ЗАЕВ ВО ДОЈРАН“. Сакам Да Кажам. 2019-08-01. Посетено на 2024-05-11.

Надворешни врски

уреди