Бугарски споменик (Црничани)
Бугарски воен споменик во Црничани — воен споменик во селото Црничани, околу кој се наоѓаат и гробови каде се погребани војници кои загинале во Првата светска војна.
Бугарски споменик (Црничани) | |
---|---|
Споменикот на генералот Константин Каварналиев на гробиштата во 2023 година | |
Грешка во Lua во package.lua, ред 80: module 'Module:Infobox dim' not found | |
Координати | 41°14′56″N 22°38′57″E / 41.24889° СГШ; 22.64917° ИГД |
Место | Црничани, Македонија |
Висина | 7 м. |
Започнат | 1916 |
Посветен на | Константин Каварналиев |
Обновен | 2019 |
Срушен | 1966 |
Споменикот бил срушен во 1966 година, додека во 2019 година бил повторно подигнат.
Местоположба
уредиСпоменикот се наоѓа непосредно до регионалниот пат 1105, на половина пат помеѓу селата Ѓопчели и Црничани.
Историја
уредиВо 1916 година, во време на Првата светска војна бил подигнат споменикот висок 7 метри во чест на Константин Каварналиев, на местото каде што тој претходно бил погребан.[1]
На 1 август 2019 година, премиерите на Бугарија и Македонија, Бојко Борисов и Зоран Заев, го откриле возобновениот споменик, кој бил уништен во 1966 година.[1]
Покрај главниот споменик, се наоѓаат и гробови на војници од 58. пешадиски полк.
Галерија
уреди-
Гробови
-
Натписна плоча
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „СПОМЕНИКОТ НА ГЕНЕРАЛОТ КАВАРНАЛИЕВ ЌЕ ПРИВЛЕЧЕ ТУРИСТИ ОД БУГАРИЈА, КАЖА ЗАЕВ ВО ДОЈРАН“. Сакам Да Кажам. 2019-08-01. Посетено на 2024-05-11.
Надворешни врски
уреди- Бугарски споменик (Црничани) на Ризницата ?