Борис Кочановски
Борис Ристев Кочановски (24 јануари 1923 во Цапари, Битолско — 3 октомври 1944 на патот Битола - Ресен) — македонски партизан, учесник во НОБ.
Животопис
уредиБорис Ристев Кочановски е роден на 24 јануари 1923 година во селото Цапари. По занимање бил општ работник. Кон НОБ стапил на 11 септември 1944 година. Припаѓал на седмата македонска бригада. Загинал на патот Битола - Ресен во борбите против германците на 3 октомври 1944 година.[1]