Борбите на кучиња претставуваат безмилосрден спорт. Борбите, по правило, се организираат помеѓу две кучиња, како облик на забава. Приходи од борбите се обично постигнуваат преку плаќање на билети за да се види настанот односно преку обложување.

Борби на кучиња. 1938 година
Тоса (куче), раса често користена за борби

Историја уреди

Борбите на кучиња биле регистрирани во историските документи на многу цивилизации и култури. Низ историјата, многу варијанти на кучиња поминувале обука за создавањето на кучиња за борби. Борбите на кучиња биле организирани и за време на крвавите гладиаторски натпревари и борби во Колосеум во Римското Царство. Денес, овој крвав спорт е поврзан најчесто со криминал и различни девијации во општеството.

Овој вид на забава сѐ уште е популарна во одредени региони во светот.

Надворешни врски уреди