Тоса (куче)
Тоса, исто така познат како Тоса Ину или јапонски борец (јапонски: 土 佐 闘 犬) е раса на кучиња со потекло од Јапонија. Според класификацијата на FCI се категоризира како Втора група на FCI, меѓу молоси.[1]
Изглед
уредиЈапонскиот борец „тоса“ е голема и моќна раса. Тој мора да ја задржи агилноста и покрај неговата тежина. Тоса Ину има голема глава која делумно е во форма на клин. Исто така карактеристични се и борите на челото, спуштените уши, кои висат близу до образите. Неговото тело е долго и исклучително мускуларно и развиено. Крзното му е силно и тешко. Опашката е долга и дебела, а влакната се кратки.[2] Тежината на машки кучиња се движи од 40 до 88 килограми. Женките се значително полесни и ретки се случаите масата да надмине 70 кг. Kaко и тежината, така и висината на овие кучиња во пракса многу варира. Висината за машки кучиња е во просек 64 - 77 см. Меѓутоа, горната граница на висината не е строго определена. Бојата на крзното може да биде жолта, црвена, кајсија, кафеава, а поретко е црна или тигреста.[3]
Карактер
уредиЈапонскиот борец тоса е една од најхрабрите раси на кучиња. Тој има одлична издржливост на физички напор и болка. Поседува независна автономна личност. Сопственикот на тосата мора да биде строг, а за луѓето кои се плашат, оваа раса не е препорачлива. Може да се дресира, но само ако сопственикот има решителност и не е флексибилен. Кога е социјализиран може да биде во придружба и со други кучиња и животни. Иако е голем, тосата може да живее во куќа или стан, но тој треба секојдневно да има активни вежби. И покрај својата тежина, со соодветна обука, може да постигне голема брзина и агилност.[4] Исклучителната издржливост на тосата[5], кога е комбинирана со добра дресура, може да создаде куче за заштита на луѓето и објектите.[6][7][8]
Здравје
уредиЈапонските кучиња борци живеат во просек од 10-12 години. Тоса е генерално витален пес. Кај него, сепак, повремено се манифестираат проблеми со очите, надуеност и болки во зглобовите.[9]
Грижа
уредиБидејќи има кратко влакно не е потребна поголема нега на крзното. Влакното му се менува неколкупати во годината. Крзно е силно и речиси бесчувствително на надворешни повреди.[10] Кога има услови, треба да му се обезбеди семејна љубов, но тосата е прилагодлива и на условите без човечко присуство, особено ако неговата цел е да врши службени функции.
Историја
уредиРасата тоса била развиена во 19. век со вкрстување на јапонското куче од Шикоку и кучиња од Европа. Меѓу другото, се користеле булдози, мастифи, поентери, доги, бул териери и, според некои извори, и стафорд териери. Покрај тоа, во создавањето на оваа раса биле користени и бернардинци и други европски борбени кучиња. Јапонскиот борец е, како што сугерира и името, создаден исклучиво за борба со кучиња. Поради неговата храброст и сила, таа раса се употребува во борби и денес, посебно во некои земји од Азија, Европа и Јужна Америка. Во земјите каде таквите борби се легални, оваа раса е многу популарна.[11][12] И покрај нивната храброст и потенцијал да станат агресивни кон другите животни, оваа раса има благороден, сталожен карактер и развива особен емотивен однос кон својот сопственик, како и кон членовите на семејството.[13]
Наводи
уреди- ↑ „Druga FCI grupa“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-10-21. Посетено на 2013-07-14.
- ↑ Основните информации, Gretabreeds.com Архивирано на 30 октомври 2012 г..
- ↑ [1] Архивирано на 12 септември 2012 г.[2] Архивирано на 25 јуни 2013 г.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-10-20. Посетено на 2013-07-15.
- ↑ http://dogs.bsl-sbt.com/dogs/tosainu.php
- ↑ Некои земји имаат спроведено сериозни истражувања за користење на Тосата во војска и за службени цели.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-06-25. Посетено на 2013-07-15.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-07-03. Посетено на 2013-07-15.
- ↑ http://www.yourpurebredpuppy.com/health/tosainu.html
- ↑ http://www.gentlegiantsrescue-tosa-inu-mastiffs.com/caring-and-feeding-tosa-inu-japanese-mastiffs.htm
- ↑ http://www.youtube.com/watch?v=DULCRbmScJo
- ↑ [3]
- ↑ Инаку, Тоса е раса што поседува висока емоционална интелигенција.
Надворешни врски
уреди- Ostuni, Steve (2003). Japanese Tosa. Allenhurst, New Jersey, Allenhurst: Kennel Club Books. ISBN 1-59378-336-1.
- Shakuhachi Imperial Tosa-inu Архивирано на 14 октомври 2011 г.
- Tosa Inu Information Pages
- Wielie Walie Tosa Inu Архивирано на 11 ноември 2005 г.
- Molosserworld's Tosa Inu Page Архивирано на 23 февруари 2009 г.
- More Japanese dog breeds Архивирано на 1 декември 2020 г.
- Greatbreed.com Архивирано на 30 октомври 2012 г.