Богородица и Младенецот со Свети маченик Петар и дарител

Богородица и Младенецот со Свети маченик Петар и дарител — слика масло на плоча од 1503 година на на Лоренцо Лото, првото познато дело на уметникот, насликано во почетокот на неговото време во Тревизо . Двата лика лево се Маченик Петар и дарителот или детенцето Јован Крстител. Нејзиниот датум е испишан на задната страна како „1503 adì 20 septembris“ и – иако не е со ракопис на Лото како што се гледа во документите – таа е насликана во 16 век и затоа е прифатена.

Богородица и Младенецот со Свети маченик Петар и дарител (1503) од Лоренцо Лото

Најверојатно била нарачана од бискупот Бернардо де Роси. Историчарите на уметност теоретизираат дека тоа било ex voto за бегство од обид за убиство планиран за 29 септември 1503 година. Веројатно Роси ја донел во Парма кога побегнал таму во 1524 година, а подоцна влегол во збирката Фарнезе, во чии списи првпат се појавила во 1650 година. Била преместена во Неапол во 1760 година и сега се наоѓа во Националниот музеј на Каподимонте во Неапол.[1]

Наводи

уреди
  1. Carlo Pirovano, Lotto, Electa, Milan 2002 (Italian) ISBN 88-435-7550-3