Блокирање (одбојка)
Блокирање – одбрана во одбојката, при што допирот при блокирање не се смета во трите дозволени допири со топка. Целта на блокирањето е да се спречи топката да помине во нивно поле, и притоа одбиената топка да падне во полето на противникот. Во одредени тактики, може да биде „дефанзивно“ блокирање при што целта е да се задржи топката во своето поле и да им се овозможи на одбранбените играчи да организираат напад. Либерото не смее да блокира, напаѓа, ниту да прави обиди за напад (да скока при напад, сам или со други, без реална намера за напад). Играч од заднината не може да блокира или да учествува во противнапад. Најпосле, сервис не смее да се блокира.
Грешки при блокирање
уредиМожни се следниве грешки при блокирање :
- Топката паѓа вон теренот после одбивање од блокот (блок-аут).
- Играчот кој блокира ја допре топката на страната на противникот при втората топка. Допирање на страната на противникот е дозволено при третата (последната) топка.
- Блокирање на топката надвор од антената.
- Играч од заднината (позиција 1, 6 и 5) или либерото учествува при поединечно или групно блокирање.
Галерија
уреди-
Блок-аут
-
Успешно блокирање