Благословете ја жената
„Благословете ја жената“ (руски: Благословите женщину) – филм на режисерот Станислав Говорухин од 2003 година. Автор на сценариото, засновано врз романот на Ирина Грекова, е Владимир Валуцки, а главните улоги ги играат: Светлана Ходченкова, Александар Балуев, Ирина Купченко, Ина Чурикова и Олга Берјозкина.[1]
Синопсис
уредиФилмот зборува за пријателството, загубата, преживувањето, верноста и безусловната љубов со која се благословени само ретките. Дејствието на филмот започнува во едно село на морскиот брег, непосредно пред Втората светска војна. Младата девојка Вера се заљубува во постариот офицер Ларичев кој е дојден во посета на селото. Таа го напушта домот и семејството за да живее со него, по цена на честите преселби по воените бази. Наспроти тешкиот војнички живот и военото време, нејзината љубов кон сопругот воопшто не се намалува...