Благоевград (полуостров)
полуостров на Антарктикот
Благоевград (бугарски: полуостров Благоевград) — претежно замрзнат полуостров кој се протега 15 км во југоисточен правец од Брегот на Оскар II во Греамовата Земја на Антарктикот. Широк е 17 км. Се граничи со ракавот Вон на север и ракавот Егзасперејшн на југ, завршувајќи со ’ртот Фојн на југоисток. На источниот брег на полуостровот е заливот Јамфорина, а внатрешноста е делумно заземена од југоисточниот дел на Поибренските Возвишенија. Образуван е со распадот на Ларсеновата Ледена Плоча во 2002 г. и повлекувањето на ледниците Еванс и Каленица.
Полуостровот е наречен по Благоевград (изворно: Горна Џумаја), главен град на Пиринска Македонија, Бугариjа.
Наводи
уреди- Blagoevgrad Peninsula. SCAR.
- Речник на бугарските топоними на Антарктикот. Антарктичка комисија за географски имиња.
Надворешни врски
уреди- Антарктичка дигитална база на податоци (ADD). Топографска карта на Антарктикот. Размер: 1:250 000. Научен комитет за антарктичко истражување (SCAR), 1993–2016.
- Полуостров Благоевград — сателитска снимка од Copernix