Битлџус (англиски: Beetlejuice) — комедија/хорор-филм од 1988 година. Во филмот глумат Алек Болдвин, Џина Дејвис, Винона Рајдер, Кетрин О'Хара, Џефри Џоунс и Мајкл Китон како Битлџус. Филмот започнува со неодамна починат брачен пар, кој бара помош од "био-егзорцистот" Битлџус со цел да ги избркаат новите газди на нивната куќа во Англија, коишто потекнуваат од Њујорк.[1][2]

„Битлџус
Beetlejuice
Слика за филмот Битлџус
РежисерТим Бартон
СледенБитлџус 2

Филмот Битлџус заработи 13 милиони долари во САД, а со целосното прикажување низ светот вкупно заработи 73.330 милиони долари[3]. Својата премиера Битлџус ја имаше на 30 март 1988 г.

Содржина

уреди

Среќно-венчаниот брачен пар Адам (Алек Болдвин) и Барбара Мејтленд (Џина Дејвис) решаваат да ги проводат празниците во нивната куќа во Англија. Враќајќи се од еден пат, Барбара нагло свртува со нивниот автомобил со цел да избегне куче на патот. Автомобилот се лизнува од мостот и паѓа во река и Адам и Барбара се враќаат во нивната куќа, но не знаат како се вратиле. Адам излегува од куќата и наеднаш се наоѓа во чудна пустинска димензија. Барбара го наоѓа и се враќаат дома, но откриваат дека немаат одраз во огледало и наоѓаат книга со наслов "Прирачник За Неодамна Починати", и сфаќаат дека тие се духови.

Адам и Барбара, иако духови не смеат да ја напуштат нивната куќа, бидејќи ако го сторат тоа, ќе се најдат во чудна пустинска димензија со песочни црви. Иако по некое време се смируваат, нивниот мир е прекршен со вселувањето на фалимијата Диц во нивната куќа. Фамилијата Диц е составена од: Чарлс (Џефри Џоунс), втората жена на Чарлс, Делија (Кетрин О'Хара) и ќерката на Чарлс од првиот брак, Лидија (Винона Рајдер).

За да ја обноват куќата, на фамилијата Диц им помага интериерскиот дизајнер Ото (Глен Шедикс) и ја трансформираат куќата во модерно парче уметност, кое многу им пречи на Адам и Барбара. Адам и Барбара бараат помош од работникот на нивниот случај, Џуно (Силвија Сидни) која им кажува дека мораат да останат во куќата уште 125 години. Тие мораат сами да ги исплашат и да ги избркаат од нивниот дом, но никако не успеваат во тоа.

Иако Адам и Барбара се невидливи, Лидија може да ги види и станува нивна пријателка. Иако Џуно ги советува Адам и Барбара да не барра помош од "био-егзорцистот" Битлџус (Мајкл Китон), тие сепак знаат како да го повикаат со кажување на неговото име 3 пати и тоа и го прават. Методите на Битлџус се опасни и тој е повеќе заинтересиран да се ожени за Лидија, отколку да влезе во светот на живите и да им помогне на Адам и Барбара. Во меѓувреме Ото го наоѓа "Прирачникот За Неодамна Починати" и прави ритуал за да ги повика Адам и Барбара меѓу живите. Во тоа ќе успее, но телата на Адам и Барбара ќе почнат да се распаѓаат и Лидија нема друг избор освен да го повика Битлџус. Иако се потребни многу напори потоа да го уништат Битлџус, Адам и Барбгара заедно со Лидија успеваат. Фамилиите Диц и Мејтленд решаваат да живеат заеднички и мирен живот.

Глумци

уреди

Алек Болдвин и Џина Дејвис како Адам и Барбара Мејтленд: Млад брачен пар, кој загинува во сообраќајна несреќа. Адам е професионален градител на минијатурни модели, додека Барбара ужива да поправа работи во нивниот дом. После нивната смрт, бараат помош од Битлџус, по што после се каат.

Винона Рајдер како Лидија Диц: Ќерката на Чарлс Диц (Делија е нејзината маќеа), која има готски менталитет, со што се чувствува како вонземјанин меѓу луѓето. Таа е единствената која може да ги види Адам и Барбара и станува нивна пријателка.

Кетрин О'Хара како Делија Диц: Жената на Чарлс и маќеата на Лидија и таа исто така е изградувач на скулптури.

Џефри Џоунс како Чарлс Диц: Успешен човек кој сака мир, да се релаксира и собира купони.

Мајкл Китон како Битлџус: Поранешен соработник на Џуно, кој потоа станува "био-егзорцист". Овој лик во филмот е мистерија;не се знае колку години има и како умрел, но се знае дека умрел од црна смрт.

Глен Шедикс како Ото: Близок пријател на Делија. Тој е интериерски дизајнер и поранешен експерт во паранормалноста.

Силвија Сидни како Џуно: Главната за случаите на луѓето после смртта. Таа настојува Адам и Барбара да не бараат помош од Битлџус.

Наводи

уреди
  1. Erickson, Hal. „Beetlejuice (1988)“. Allmovie. Архивирано од изворникот July 19, 2013. Посетено на 2012-10-06.
  2. Nero, Dom (October 11, 2018). „Beetlejuice Is a Horror-Fantasy-Comedy Hybrid Above All Categorization“. Esquire. Архивирано од изворникот June 5, 2020. Посетено на 2018-11-10.
  3. „Beetlejuice (1988)“. Box Office Mojo. Архивирано од изворникот November 14, 2019. Посетено на April 3, 2018.