Битка кај Валтетси

Битката кај Валтетси се водела помеѓу Грците и Османлиите и претставува дел од Грчката војна за независност на 12 мај 1821 година. На чело на грчките востаници бил Теодорос Колокотронис и Киријакоилис Мавромихалис, чија чета броела околу 3.000 војници, наспроти османлиската на чие чело бил Кехагабег Мустафа кој имал армија од 12.000 војници.

Битка кај Валтетси
Дел од the Грчка војна за независност
Датум 12 мај 1821
Место Валтетси, Грција
Исход Грчка победа
Завојувани страни
Грчки револуционери Османлиско Царство
Команданти и водачи
Теодорос Колокотронис
Киријакоилис Мавромихалис
Кехагабег Мустафа


Руби бег

Сила
3,000 12,000
Жртви и загуби
150 починати 600-700 починати
Анагнострас од Хес

Битка

уреди

Во почетокот на битката, Османлиите бележиле успех, нанесувајќи им неколку човечки жртви на Грците. Османлиите успеале да го обиколат целото село. Во меѓувреме, кон селото се упатил Димитрос Плапоутас, напаѓајќи ги турските позиции од задната страна. По ова, Османлиите биле принудени да се повлечат кон Триполи. Неколку недели подоцна, Османлиите со околу 12.000 армија во која имало и Албанци под команда на Кехагабег Мустафа тргнале кон Валтетси, а пристигнале на 12 мај 1821 година.

Грчките позиции биле разделени на четири страни, и се наоѓале во четири поголеми куќи. Кехагабег Мустафа му наредил на Руби бег да го презеде првиот напад. Тој се обидел да го опколи селото, па ги повикал на востаниците да го положат оружјето. Кога Грците тоа го одбиле, започнал конечниот напад. Во почетокот турските и албанските позиции успеале да заземат некои позиции во селото. Во меѓувреме, околу 700 грчки револуционери под раководство на Теодорос Колокотронис ги нападнале турските позиции, а веднаш по тој напад следувал и нападот на Димитрос Плапоутас. По неколку часови од битката, Османлиите започнале да ги губат своите позиции по кое Руби бег наредил повлекување. По ова, грчките револуционери одговориле со противнапад.

Целата битка траела 24 часа. Османлиската армија имала околу 600 жртви, наспроти 150 грчки.[1]

Наводи

уреди
  1. G. Kafentzis. Istoria ton Neoteron Chronon. Athens: Ekdosis Chatzichrisou, 1974.