Битка кај Ан
Битката кај Ан (кинески: 鞍之战; пинјин: Ān zhī Zhàn) ― битка водена за време на Пролетниот и есенскиот период во 589 п.н.е. на ридот Хуа во областа на денешниот град Чинан, Шандонг помеѓу државите Ќи и Чин. Завршила со победа на државата Чин и на крајот резултирало со сојуз меѓу двете држави.
Битка кај Ан | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Местоположба на битката кај ридот Хуа, Чинан. |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Ќи | Чин | ||||||
Команданти и водачи | |||||||
Војвода Ќинг од Ќи | Ши Ке |
Два од трите преживеани коментари на пролетните и есенските анали, Цуо Чуан и Гулијанг Чуан го опишуваат настанот што довел до битката како навреда што ја претрпел чинскиот емисар во ќискиот двор,[1] но двата извори се разликуваат по природата на навредата. Според Цуо Чуан, војводата од Ќи им дозволил на жените да ја следат посетата на емисарот од преградена страна, жени кои потоа го навредиле емисарот со нивната смеа.[1][2] Гулијанг Чуан тврди дека војводата од Ќи ги навредил емисарите на четири држави во посета со тоа што на секоја од нив и доделил служител кој ги споделувал нивните соодветни физички дефекти.[1]