Бирни (кирибатски и англиски: Birnie) е мал корален остров во Кирибати. Атолот има вкупна површина од 20 хектари и е дел од Островите Феникс. Островот се наоѓа 100 километри југоисточно од островот Кантон и 90 километри северозападно од Раваки. Островот Бирни е долг 1.2 километар, а широк е 0.5 километар. На островот нема пристаниште, но плажите се пристапни.

Карта на Островите Феникс.

Историја

уреди

Островот Бирни бил „откриен“ во 1823 година од лондонскиот брод Сидни Пакет. Името на островот потекнува од името на сопственикот на бродот, Александер Бирни.

Во 1860-те САД тврделе дека островот е под нивна управа. На 10 јули 1889 година, Британците прогласиле дека островот е под нивна власт, т.е. колонија. За време на овој период никогаш не се откопувало гвамо и немало човечка активност на островот. Во 1937 година островот бил дел од колонијата Гилбертски и Елиски Острови, а по независноста на Кирибати, островот станал дел од новата држава. Островот е слабо посетен од луѓе.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  • Maude, Henry Evans: Of islands and men : studies in Pacific history; Melbourne [u.a.] : Oxford Univ. Pr., 1968
  • Jones, A. G. E.: Ships employed in the South Seas trade Vol. 1: 1775 - 1861; Canberra 1986 & Vol. 2: 1775 - 1859; Burwood, Vic. [1992]
  • Bryan, E.H.: American Polynesia and the Hawaiian Chain: Honolulu, Hawaii: Tongg Publishing Company, 1942

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди

03°35′S 171°33′W / 3.583° ЈГШ; 171.550° ЗГД / -3.583; -171.550