Бирманската мачка, уште нарекувана и „Света мачка од Бурма“,[1] е домашна раса на мачки . Бирманската мачка е долговлакнеста, шилеста мачка која се разликува по свиленкастото крзно, длабоко сините очи и контрастни бели „ракавици“ на секоја шепа.

Бирманска мачка

Името на расата потекнува од Birmanie, француско име на Бурма. Расата Бирман првпат била препознаена во Франција од „Клубот на мачки" во 1925 година, потоа во Англија од страна на Управниот совет за убавина на домашни мачки[2] во 1966 година и во Соединетите Држави од страна на Здружението на љубители на мачки (ЦФА) во 1967 година. Признаена е за посебна раса и од Канадската асоцијација за мачки и Меѓународната асоцијација за мачки[3] во 1979 година.

Историја уреди

Не постои точна потврдена теорија за потеклото на расата. Најчесто се тврди дека овие мачки биле придружници на храмските свештеници во северна Бурма на планината Луг. Постојат многу приказни за тоа како мачките првпат дошле во Франција, меѓу нив и дека група мачки биле дадени како награда за помош за одбрана на храм или биле прошверцувани од Бурма.[1][4] Друга група на бирмански мачки се вели дека биле украдени и подоцна увезени во Франција од Таде Хадиш.[5] Се тврди дека првите бирмански мачки во Европа се пронајдени во Ница, Франција.

Многумина веруваат, како што кажува легендата, дека расата потекнува од Бурма (сега позната како Мјанмар) и дека мачките се чувале во храмовите од античките времиња од свештениците; сепак, има и такви кои веруваат дека мачките дошле во Европа, односно во Франција, од друг дел во Азија. Без оглед на бројните приказни и фолклор што се шират наоколу, постои усогласеност дека расата на бирманска мачка била пронајдена во Франција уште во 1920-тите, а многу различните приказни продолжуваат да зборуваат за мистиката што се крие зад нивната историја.[6]

Бирманите биле речиси избришани како раса за време на Втората светска војна. Само две мачки били живи во Европа на крајот на војната, еден пар по име Орлоф и Ксенија де Кааба, и двете му припаѓале на Баудоан-Кревоазие. Основата на расата во повоена Франција всушност била потомството на овој пар. Тие морале да бидат вкрстосувани со раси со долга коса како персиски и сијамски за да се обнови бирманската раса на мачки. До почетокот на 1950-тите, бирманските мачки повторно биле во поголем број. Обновената раса била призната во Британија во 1965 година и од страна на ЦФА во 1966 година.[7]

Првите повоени бирмански мачки биле кафеави. Сината боја ја добиле бирмански мачки повторно во 1959 година вкрсосувајќи ги со сини персиски мачки. Подоцна биле додадени нови бои од англиските одгледувачи, вклучително чоколадна боја и црвена.[8] Бирманските мачки се користеле и во развојот на нови раси како што е рагдолот .[9]

Изглед уреди

Бирманските мачки имаат средно големо, правоаголно тело со широко лице и посебен римски нос. Нивните уши се идеално широки на основата колку што се високи и се поставени на врвот на главата. Очите се заоблени и најчесто се длабоко сафирно сини.

Крзното на бирманската мачка е средно долго и најчесто има свиленкаста текстура. За разлика од персиските или Хималајските мачки, тие немаат подвлакно. Бојата на крзното е секогаш зашилена, освен контрастните чисто бели, симетрични „ракавици“ на секоја шепа кои се заштитен знак на расата. Овие ракавици се протегаат забележливо подалеку од задниот дел на ногата (наведени како „тантели“), завршувајќи со превртена V, издолжена половина до три четвртини нагоре. Секоја друга бела точка на крзното се смета за сериозна грешка.

Како и сите раси на мачки со точки на крзното во боја, бирманските мачки се раѓаат бели и почнуваат да ги развиваат своите точки на крзното по една недела ако имаат темна боја (т.е. точка на заптивка) и 14 дена или повеќе ако точките се „чисти“ или со посветла боја (т.е. јоргована точка). . Нивните крзна не достигнуваат целосен развој додека мачките не наполнат две години.

Здравје уреди

Најголемата закана за бирманските мачки е хипертрофичната кардиомиопатија на мачки (ХКМ), најчеста срцева болест забележана кај мачките. Кај бирманските мачки се смета дека се наследува како автосомно доминантна одлика. ХКМ е прогресивна болест и може да резултира со срцева слабост и парализа и може да резултира со ненадејна смрт.[10]

Бирманските мачки имаат висока серумска концентрација на креатинин и симетричен диметиларгинин, но повеќето бирмански мачки имаат повисоки концентрации на креатинин од СДМА. Нивоата на креатинин и СДМА се откриваат кога бирманските мачки се тестираат за хронична бубрежна болест, затоа што се изложени на висок ризик. Бирманските мачки исто така се изложени на ризик да развијат инфективен перитонитис, болест кај мачките која ја менува бубрежната функција (нивоа на креатинин во крвта и урината).[11]

Аудиогени рефлексни напади на мачки (АРН), е неодамна откриен тип на епилепсија кај мачки, се верува дека се особено честа кај бирманските мачки.[12]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Cat Fanciers Association Breed Article: The Sacred Cats of Burma Архивирано на 21 ноември 2010 г. Retrieved 16 April 2010
  2. „Governing Council of the Cat Fancy“. Gccfcats.org. Посетено на 8 October 2014.
  3. TICA. „The International Cat Association“. Посетено на 8 July 2007.
  4. Le Chat. Races - Élevage - Maladies Paris: Vinot Frères ed. 1926, pp.40-41. Dr. Philippe Jumaud
  5. Les races de ChatsSaint Raphaêl: 1930: Ed. des Tablettes, pp.52 Dr. Philippe Jumaud
  6. „20 Fun Facts You Didn't Know About Birman Cats“. kittentoob.com. 3 April 2018. Посетено на 12 April 2018.
  7. „History“. Pixydustbirmans.net. Архивирано од изворникот на 2015-09-11. Посетено на 15 December 2017.
  8. „Birman Color Chart – TARON BIRMANS“. birman.net. Посетено на 15 December 2017.
  9. „Everything You Need To Know About Ragdoll Breed“. 17 March 2017.
  10. „The Birman Health Foundation“. Посетено на 8 October 2014.
  11. Paltrinieri, Saverio; Giraldi, Marco; Prolo, Amanda; Scarpa, Paola; Piseddu, Eleonora; Beccati, Massimo; Graziani, Benedetta; Bo, Stefano (10 October 2017). „Serum symmetric dimethylarginine and creatinine in Birman cats compared with cats of other breeds“. Journal of Feline Medicine and Surgery. 20 (10): 905–912. doi:10.1177/1098612X17734066. PMID 28994640.
  12. „Feline Audiogenic Reflex Seizures (FARS) | International Cat Care“. icatcare.org (англиски). Посетено на 2021-02-27.