Бик (филм од 2004)
„Бик“ (италијански: Il toro) – филм на режисерот Карло Мацакурати (Carlo Mazzacurati) од 1994 година. Мацакурати е автор и на сценариото, заедно со Умберто Контарело (Umberto Contarello) и Сандро Петраља (Sandro Petraglia). Главните улоги ги играат: Диего Абатантуоно (Diego Abatantuono), Роберто Читран (Roberto Citran) и Марко Месери (Marco Messeri). На филмскиот фестивал во Венеција, Читран ја освоил наградата „Сребрен лав“ за најдобар спореден глумец.[1]
Синопсис
уредиОткако добива отказ од работното место без никаква отпремнина, одгледувачот на бикови, Франко, одлучува од својата поранешна фирма да украде расен бик и да го прошверцува во Унгарија со намера да го продаде скапо...