Бигамист (филм од 1953)
„Бигамист“ (англиски: The Bigamist) — американски филм од 1953 година, во режија на Ида Лупино. Автори на сценариото се Лоренс Б. Маркус (Lawrence B. Marcus) и Лу Скор (Lou Schor), а главните улоги ги играат: Џоан Фонтејн (Joan Fontaine), Ида Лупино, Едмунд Гвен (Edmund Gwenn) и Едмонд О'Браен (Edmond O'Brien). Овој филм е првиот во кој режисерката истовремено е носителка на една од главните женски улоги.[1]
Синопсис
уредиХари (го игра О'Браен) и Ева (ја игра Фонтејн) сакаат да посвојат дете, бидејќи Ева не може да раѓа. Посредникот во постапката, господинот Џордан (го игра Гвен), ги предупредува дека ќе мора темелно да ги провери, а тогаш Хари чудно го погледнува и поради тоа, господинот Џордан се загрижува. Хари и Ева живеат во Сан Франциско и имаат заедничка фирма, а поради работните обврски Хари често патува во Лос Анџелес.[2]