Библиотека „Гоце Делчев“ - Гевгелија
Јавна општинска установа Библиотека „Гоце Делчев“ - Гевгелија е библиотека во Гевгелија, Македонија.
Објект
уредиФасадата на куќата каде што е сместена библиотеката „Гоце Делчев“ во Гевгелија го доби автентичниот лик по реставрацијата и конзервацијата, што во 2013-та ја изврши стручен тим од Заводот и музеј Струмица. Обновениот објект, кој датира од крајот на 19 век беше меѓу 250-те објекти од програмата на Министерството за култура за реставрација на фасади од стара градска архитектура.
Објектот функционира како библиотека по Втората светска војна, а претходно имал други намени и различни сопственици.[1]
Книжен фонд
уредиБиблиотеката денес располага со книжен фонд од околу 60.000 монографски публикации, комплетирани и укоричени дневни весници и списанија, референтна литература, ракописи, документи, албуми и видеоматеријали.[2]
Наводи
уреди- ↑ Порта3 (2014-01-23). „Вратен автентичниот лик на фасадата на гевгелиската библиотека „Гоце Делчев"“. Порта3 - градежништво, архитектура и екологија. Посетено на 2022-06-04.
- ↑ „ОКОЛУ 700 ЧЛЕНОВИ НА ГРАДСКАТА БИБЛИОТЕКА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ" ВО ГЕВГЕЛИЈА ЛАНИ ПРОЧИТАЛЕ ОКОЛУ 20.000 КНИГИ“. ТВ НОВА 12. 2022-01-13. Посетено на 2022-06-04.