Конгресна библиотека

(Пренасочено од Библиотека на конгресот)

Конгресната библиотека (англ. Library of Congress) — национална библиотека на САД. Се наоѓа во Вашингтон и е една од најголемите бибилиотеки во светот, како и најстарата културна институција во САД. Содржи повеќе од 30 милиони книги, на околу 470 јазици, повеќе од 58 милиони ракописи, преку 6.000 стрипови, 500.000 микрофилми,[2]Освен ова, околу 5 милиони мапи и нотни записи. Со библиотеката раководи конгресен библиотекар.

Конгресна библиотека
Library of Congress
Logo

Seal
Карта
Основана1800
МестоВашингтон, САД
ОграноциN/A
Фонд
Обем21.814.555 каталогизирани книги

11,701,147 книги , инкунабили (книги пред 1501), стрипови, микрофилми and 109,029,796 посебни збирки

142,544,498 [1]
Пристап и употреба
ОбртБиблиотеката јавно не циркулира
Опслужува535 членови на Американскиот конгрес
Други информации
Буџет$613,496,414[1]
ДиректорЏејмс Х. Билингтон
Кадар3,624 [1]
Службена страницаhttp://www.loc.gov
Карта


Библиотеката била основана во 1800 година со цел да ги задоволува потребите на Конгресот, чија зграда се поместила во текот на 19 век. Во времето на Британско-американската војна (1812-1815) објектот бил уништен, а по војната Томас Џеферсон продал точно 6.487 книги на библиотеката и таа продолжила да работи во 1815 година.[3][4]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди