Библиотека Залуски
Библиотека Залуски (полски: Biblioteka Załuskich, МФА [ˌbʲiblʲjɔˈtɛka zaˈwuscix]) била изградена во Варшава во 1747-1795 година од Јозеф Анджеј Залуcки и неговиот брат Анджеј Станислав Залуски, римокатолички бискупи. Библиотеката беше првата полска публична библиотека, најголема библиотека во Полска и една од најраните библиотеки во Европа.
Основана | 1794 |
---|---|
Место | Варшава |
Карта |
Историја
уредиЈозеф Анджеј Залуcки и неговиот брат Анджеј Станислав Залуски се здобиле со збирки на книги од претходни полски библиофили како што се Кшиштоф Опалински, Томаш Ујејски, Јануш Вишниовиецки, Ежи Мнишех и Јан III Собиески.
Од 1730-тите браќата планирале создавање на библиотека, а во 1747 ја основале библиотеката Залуcки (Biblioteka Załuskich). Библиотеката се наоѓала во палатата на Данилович во 17 век во Варшава.
Библиотеката Залуcки се сметаше за првата полска публична библиотека и една од најголемите библиотеки во современиот свет. Библиотеката имала околу 400000 печатени предмети, мапи и ракописи до крајот на 1780-тите. Исто така, акумулираше збирка уметнички дела, научни инструменти и примероци од растителни и животински видови.
По Boстание na Кошчиушко (1794), фондовите на Bиблиотеката биле транспортирани во колекција на Царина Катерина II во Санкт Петербург, каде што книгите ја формирале масата на Руската Народна Библиотека. Делови од збирката биле уништени, а многу од нив биле и украдени.
Некои делови од колекцијата Залуски се вратија во Полска во XIX век. Во 1920-тите владата на Руската Советска Федеративната Социјалистичка Република врати некои од поранешните збирки Залуски во неодамна воспоставената Втора Полска Република. Овие имоти беа уништени од страна на германските трупи за време на уништувањето на Варшава во октомври 1944 година, по пропаѓањето на Варшавското Встание. Само во војната ги преживеала само 1800 ракописи и 30000 печатени материјали од оригиналната библиотека.
Денешната Полска Национална Библиотека (Biblioteka Narodowa), основана во 1928 година, се смета за потомок на Библиотеката Залуски.