Бехеровка е горчлив ликер од тревки. Се произведува во Карлови Вари, Чешка, во компанијата Јан Бехер. Брендот е во сопственост на Перно Рикар.[1] Се прави по таен рецепт заснован врз повеќе од дваесет видови билки и зачини.

Бехеровка
Бехеровка оригинал
Типалкохолен пијалак
Земја на потеклоЧешка

Бехеровка често се опишува дека има вкус на ѓумбир или цимет.[2] Содржината на алкохол е 38%[1] и обично се служи разладен. Често се пие како дигестив.

Историја

уреди

Пронаоѓачот на Бехер Битер бил Јозеф Витус Бехер (1769–1840) од градот тогаш познат како Карлсбад. Покрај трговијата со зачини и колонијални продукти во неговата продавница,[3] тој произведувал и алкохолни пијалаци. Во 1794 година изнајмил дестилерија и почнал да експериментира со жестоки пијалаци.

Во 1805 година принцот Максимилијан Фридрих фон Плетенберг пристигнал на лекување во Карлсбад, придружуван од неговиот личен лекар, д-р Кристијан Фробриг од Англија. Фробриг разговарал со Јозеф Бехер за моќта на билките и рецептот за нов ликер. Бехер го тестирал овој рецепт во текот на две години, по што почнал да го продава овој нов англиски горчлив ликер, наменет за лекување на стомачни заболувања.

Јозеф се оженил двапати (неговата прва сопруга починала од пневмонија) и имал вкупно 16 деца, иако го преживеале само пет ќерки и два сина. Синот на Јозеф, Јохан (Јан) Непомук Бехер ја презел куќата во 1838 година. Тој изградил нова фабрика и се смета за основач на компанијата. Неговиот производ се продавал под името Бехер Карлсбад Битер Ликер од 1830 година.

За време на Првата светска војна, неговиот ликер се продавал во Чешка, Австрија, Германија, Полска, Шпанија, Италија, Турција и Египет. По завршувањето на забраната во Соединетите Американски Држави, Бехербитер се продавал и во САД, а четири години подоцна во Англија. По Втората светска војна, Карлсбадер Бехербитер станал познат како Бехеровка откако чешката држава насилно го протера германското население од Карлови Вари. Бехеровка станала една од најпопуларните извозни производи на Чехословачка.

Од 1998 г. до 2003 година се продавала и словачката верзија, што ја произведувал Зденек Хофман во Домажлице, и се продавала во словачките продавници. Хофман тврдел дека Алфред Бехер му го дал рецептот на неговиот дедо во 1939 година, со право да го произведува производот, бидејќи бил загрижен дека тајната на неговиот рецепт можеби нема да ја преживее војната. Но, Хофман не успеал да го докаже тоа на суд, па во 2008 година бил осуден на година и пол затвор.[4]

Чешкиот производител вели дека само двајца ја знаат тајната на целиот производствен процес, и дека им е дозволено да влезат во собата каде еднаш неделно ги мешаат билките и зачините што се користат во пијалакот. Некои од растенијата се увезуваат од странство, а дел растат околу Карлови Вари.[5]

Видови

уреди
 
Бечеровка лимон

Бехеровка лимон е комерцијално име на ликерот што Бехеровка го произведува од 2008 година.[6] Се поризведува врз база на традиционалната Бехеровка, но има помала содржина на алкохол (20%).[7] Ликерот го добил своето име по вкусот на цитрус во пијалакот. Рецептот исто така се чува во тајност, исто како рецептот на традиционалната Бехеровка.

Некои служат бехеровка со тоник, правејќи пијалак наречен бетон (бе-херовка и тон-ик). Овој коктел првично беше создаден за Експо '67 во Монтреал како освежување што треба да се служи во чешкиот павилјон.[2]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Becherovka“. Pernod Ricard. Архивирано од изворникот на 02. 12. 2022. Посетено на 19 September 2017. Проверете ги датумските вредности во: |archive-date= (help)
  2. 2,0 2,1 „Product Review (+ Recipes): Becherovka Herbal Liqueur Straight Up Cocktails and Spirits“. Kitchn.
  3. „Muž, který střeží tajemství Becherovky. Ve firmě pracuje 45 let a dříve chtěl být automechanikem“. Aktuálně.cz (чешки). 16 February 2018.
  4. „Becherovka vyhrála spor o značku, Hoffmann jde do vězení“. iDNES.cz. 8 July 2008.
  5. „Becherovka Liquer“. Архивирано од изворникот на 25 November 2009. Посетено на 6 December 2009.
  6. „About Us & History“. Jan Becher – Karlovarská Becherovka, a. s. Посетено на 6 January 2016.
  7. „Becherovka Lemond“. Jan Becher – Karlovarská Becherovka, a. s. Архивирано од изворникот на 18. 11. 2022. Посетено на 7 January 2016. Проверете ги датумските вредности во: |archive-date= (help)

Надворешни врски

уреди