Бес (филм од 1950)
„Бес“ (англиски: Outrage) — филм на Ида Лупино од 1950 година, снимен по сценариото на Колиер Јанг (Collier Young) и Мелвин Волд (Malvin Wald), а главните улоги ги играат: Мејла Пауерс (Mala Powers), Тод Ендрјус (Tod Andrews) и Роберт Кларк (Robert Clarke). Ова е првиот филм во кој Лупино се јавува како режисерка и еден од ретките холивудски филмови кои ја обработуваат темата силување.[1]
Синопсис
уредиОткако е силувана, една млада жена (ја игра Пауерс) дава отказ на работното место и го напушта свршеникот. Таа се сели во Калифорнија, каде се обидува да ги надмине стравот и болката и го менува својот идентитет. Сепак, не успева да се промени сè додека не го запознае младиот свештеник (го игра Ендрјус), кој сака да ѝ помогне...