Бестрашната хиена
„Бестрашната хиена“ (кинески: 笑拳怪招) — хонгконшко-јужнокорејски филм од 1979 година во режија на Џеки Чен (Jackie Chan), кој е автор и на сценариото, заедно со Веј Ло. Главните улоги ги играат: Џеки Чен, Џејмс Тјен (James Tien) и Дин Шек (Dean Shek). Ова е првиот филм кој го режирал Џеки Чен. Во 1989 година, на доделувањето на Хонгконшките филмски награди, филмот ја освоил наградата за најдобра кореографија.[1]
Синопсис
уредиШинг Лунг (го игра Чен) учи кунг-фу од неговиот дедо. Шинг има голема дарба, но многу е мрзелив. Сепак, кога дедо му ќе биде убиен од неговиот соперник, Шинг тгрнува во акција...