Бертрандон де ла Брокиер
Бертрандон де ла Брокиер — патописец од Војводството Бургундија кој по наредба на војводата Филип III Добриот во периодот 1432–1433 година патува по Блискиот Исток, а неговото патешествие во периодот 1455–1457 година го запишува во делото насловено „Патување преку морето“.[1]
На враќање од Блискиот Исток, де ла Брокиер го посетува и Балканот и го посведочува односот на месните христијани кон османлиските владетели. Меѓу балканските христијански народи кои потчинети „присилно го служат Турчинот“, а „би му го свртеле грбот“ доколку нивните соверници, особено Французите, им помогнат, де ла Брокиер ги споменува и Македонците.[1]