Бензилбутилбарбитурат

хемиско соединение

Бензилбутилбарбитурат (5-бензил-5-n-бутилбарбитурна киселина) е редок пример на дизајнерски наркотик од барбитурати, можеби единственото такво соединение кое се среќава во последниве години.

Тоа било конфискувано од страна на полицијата во Јапонија во 2000 година, и се претпоставува дека е производ од тајно производство бидејќи ова соединение никогаш претходно не било продадено како легална фармацевтска супстанца. Како и кај сите дизајнерски наркотици, ова соединение е произведено во обид да се заобиколат законите за лекови кои забрануваат употреба на најпознатите лекови од групата на барбитурати, но како што законите за лекови во многу јурисдикции (вклучувајќи ја и Јапонија) забрануваат „секој 5,5-дисупституиран дериват на барбитурна киселина“, ова соединение се сметало дека е веќе нелегално, и покрај тоа што е ново соединение кое претходно не било сретнато. [1]

Ова соединение веќе било познато во научната литература и затоа не било нов хемиски ентитет. [2]

Наводи

уреди
  1. „Confiscation Case Involving a Novel Barbiturate Designer Drug“. Canadian Society of Forensic Science Journal. 33 (3): 103–110. 2000. doi:10.1080/00085030.2000.10757506.
  2. „Comparative central depressant actions of some 5-phenyl-5-alkyl barbituric acids“. The Journal of Pharmacology and Experimental Therapeutics. 89 (4): 356–67. April 1947. PMID 20295516.