Белоруски наемници во Брегот на Слоновата Коска
Белоруски наемници во Брегот на Слоновата Коска (белоруски: Беларускія найміты ў Кот-д’Івуары) — група поранешни воени пилоти и техничари на Белоруските Воздухопловни Сили. Тие и помагале на владината армија на Лоран Гбагбо во граѓанската војна од 2002 до 2007 година. Се верува дека работеле под покровителство на француските и белоруските власти.
Белорусите биле ангажирани за обука на африканските пилоти, кои претходно летале со француски авиони, за да управуваат со советските напаѓачки авиони Су-25. Пилотите од Брегот на Слоновата Коска направиле само три лета со нивните странски инструктори. Во текот на последен, тие ја нападнале француската база во Буаке. Инцидентот довел до заземање на аеродромот Јамусукро од страна на француските трупи и настапите на милицијата Млади Патриоти во Абиџан. После тоа, белорусите веднаш ја напуштиле земјата. Години подоцна, против нив било отворено кривично дело за убиство на француските војниците. Еден од платениците (Јуриј Сушкин) бил осуден на доживотен затвор во отсуство.
Во тоа време, покрај Белоруски, во Брегот на Слоновата Коска се наоѓале и специјалисти за копнена авијација од Русија и Украина.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Сергей Франчук. По следам наших птиц: Война в стране какао // История авиации : журнал — № 3. — 2005. — с. 63-68.
- Валер Карбалевіч. Якія наступствы могуць мець скандалы з пастаўкамі зброі? // Радыё Свабода : радыёвяшчальная арганізацыя. — 1 сакавіка 2011.
- Андрей Александрович. Летало ли белорусское оружие в Ливию и Кот-д'Ивуар? // TUT.BY : интернет-портал. — 2 марта 2011.
- Денис Бурковский. 15 лет назад Франция обвинила белорусов в бомбардировке в Африке. Рассказываем эту историю // TUT.BY : интернет-портал. — 6 ноября 2019.
- Сергей Дмитриев. 15 лет без ответа: кто виновен в бомбардировке французских военных в Кот-д’Ивуар // RFI : новостная радиостанция. — 20 марта 2020.
- Егор Лебедок. Белорусское военное присутствие в Африке // Thinktanks.by : сайт белорусских исследований. — 7 февраля 2021.
- Stijn Mitzer and Joost Oliemans. Ivory Coast’s Su-25s — The Sharks Won’t Bite Again // Oryxspioenkop : website of defense analytics and military operations research. — 31 March 2021.
- Дмитрий Гусев. Тайны Су-25 и Юрия Сушкина: в Париже вынесли приговор по делу об убийстве французских военных в Кот-д’Ивуар // RFI : новостная радиостанция. — 16 апреля 2021.