Бездомништво во Израел

Бездомништвото во Израел — феномен кој најмногу се развил по средината на 1980-тите.[1]

Протест за домување на Булевар Ротшилд, Тел Авив, 2011 година

Бездомништвото се зголемило по бранот на советска имиграција во 1991 година. Дури 70% од бездомниците во Тел Авив се имигранти од поранешниот Советски Сојуз, речиси сите мажи. Според основачот на засолништето за бездомници Гилад Хариш, „кога рецесијата го погоди Израел во раните 90-ти, принципот „последен влезен, прв излезен“ започна и многу руски имигранти ги загубија своите работни места. Бидејќи беа нови во земјата, тие не поседуваа никаква семејна подршка како домородните Израелци. Некои завршија на улица без да имат каде да одат[2].

Бројот на бездомници во Израел пораснал во 2000-тите, а Здружението за граѓански права во Израел тврдело дека властите го игнорираат ова прашање.[3]

Околу 2.000 семејства во Израел ги губат своите домови секоја година откако нема да ги подмират своите хипотекарни заеми. Сепак, измената на законот донесена во 2009 година ги штити правата на хипотекарните должници и гарантира дека тие нема да бидат протерани додека не ги исполнуваат плаќањата за хипотека. Амандманот е дел од пошироката реформа во законот по долгата битка на Здружението за граѓански права во Израел и другите групи за човекови права.[4]

Во 2007 година, бројот на млади бездомници бил во пораст. Повеќе од 25% од сите млади бездомници во 2007 година биле девојчиња, во споредба со 15% во 2004 година. Извештајот на Елем, непрофитна организација која им помага на младите во ризик, укажал на зголемување од 5% на бројот на млади бездомници или талкачи по улиците доцна во ноќта додека нивните родители работеле или поради затегнати односи дома. Организацијата проценила дека во 2007 година обезбедила програми или привремено засолниште за приближно 32.000 млади на околу 30 места низ земјата.

Во 2014 година, бројот на бездомници во Израел бил проценет на 1.831, од кои околу 600 живееле на улиците на Тел Авив.[5] Ова сочинува 0,02% од населението на земјата, што е ниска бројка во споредба со другите развиени нации. Во јули 2015 година, Министерството за благосостојба проценило дека бројот на бездомници е помеѓу 800 и 900, вклучително и 450 кои добиваат услуги и третмани од нивните општини, но продолжуваат да живеат на улица. Елем тврдел дека вистинската бројка е многу поголема. Во декември 2015 година, големото истражување на Министерството за благосостојба покажало дека 2.300 луѓе во Израел биле бездомници.[6][7]

Бездомниците во Израел имаат право на месечна владина стипендија од 1.000 NIS. Покрај тоа, постојат и државни засолништа за бездомници управувани од Министерството за благосостојба и приватно засолништа.

Ади Нес, израелски фотограф, го привлекол вниманието на јавноста кон ова прашање со фотографирање на израелските бездомници.[8]

Наводи

уреди
  1. Willem Van Vliet (1990). International Handbook of Housing Policies and Practices. Greenwood Press. стр. 529. ISBN 9780313254277.
  2. Israeli cultural critic takes homeless problem into his own hands
  3. Yael Branovsky (2009-05-05). „Report: Israel fails to care for homeless“. Ynetnews.
  4. Mortgage debtors will not remain homeless
  5. http://www.molsa.gov.il/CommunityInfo/ResearchAndEvaluation/tb_ResearchesAndPublications/2015%20-דוח%20סופי%20מיפוי%20דרי%20רחוב.pdf, p. 97
  6. „Over 800 homeless people living in Israel“.
  7. „Study: 2,300 homeless in Israel, half from former USSR“.
  8. Toby Appleton Perl (11 May 2007). „Israeli Artists Zoom In on Commercial Success“. The Jewish Daily Forward.