Беатрис од Баварија

Беатрис од Баварија (1344 - 25 декември 1359) — кралица на Шведска и сопруга на кралот Ерик XII од Шведска (1339–1359) кој заедно со неговиот татко кралот Магнус IV владеел во Шведска.[1][2]

Животопис

уреди

Беатрис била ќерка на Лудвиг IV, Светиот римски цар (1282–1347) и неговата втора сопруга Маргарет Втора, грофицата од Хано (1311–1356). Во 1356 година таа била венчана за Ерик, кој како постар од два сина, станал ко-монарх по бунтот против неговиот татко, Магнус IV (1316–1374), кој бил монарх и на Норвешка и на Шведска. Помладиот син Хокон (1340–1380) требало да стане владетел на Норвешка. Беатрис била кралица заедно со нејзината свекрва Бланш од Намур (1320–1363).[3][4][5][6]

Беатрис и Ерик починале во 1359 година. Се верува дека нејзиниот сопруг починал од црна смрт, и дека Беатрис, која родила мртвороден син, исто така починала од чума. Некои историчари веруваат дека таа и нејзиниот син биле погребани во манастирот „Црни Францисканци“ во Стокхолм .[7]

 
Спомен камен во манастирот Црна Фритри во Стокхолм

Наводи

уреди
  1. „Beatrix“. Svenskt biografiskt lexikon. Посетено на August 1, 2020.
  2. „Erik Magnusson“. Svenskt biografiskt lexikon. Посетено на August 1, 2020.
  3. „Margaretha van Beieren en Margaretha van Avesnes (1311–1356)“. Digitaal Vrouwenlexicon van Nederland. Посетено на August 1, 2020.
  4. „Magnus 7 Eriksson“. Norsk Biografisk Leksikon. Посетено на August 1, 2020.
  5. „Blanca Av Namur“. Norsk Biografisk Leksikon. Посетено на August 1, 2020.
  6. „Håkon 6 Magnusson“. Norsk Biografisk Leksikon. Посетено на August 1, 2020.
  7. Beatrix, urn:sbl:19091, Svenskt biografiskt lexikon (art av S. Tunberg), hämtad 2020-07-07.