Баф

појаснителна страница на Википедија

Баф (на англиски Buff) е вид на облека како марама која се користи како заштита при занимавање со спорт на отворено. Името го добила по фирмата која почнала да ги прави па од тогаш секој тип на марама со оваков облик се нарекува со ова име. Сепак право на името го има компанијата која ги создала, Buff S.A., во 1992 година и доаѓа од Игуалада, во близина на Барселона во Каталонија, Шпанија.[1]

Штанд на компанијата Баф на модна ревија за време на зимата во 2010 година

Баф го дизајнирал Жуан Рохас во 1991 година као заштита од ветер за време на возење на мотоцикл. Тоа е марама во облик на цевка од микрофибер тканина, која може да се обликува по желба. Може да се носи како капа, шал, трака за глава, бандаж, маска за лице, како марама во пиратски или сахара стил. Често ја носат рекреативни тркачи во текот на зима како маска преку устата и носот да би се заштитиле од директено вдишување на ладен воздух. Таа е доволно тенка за да при подлабоко вдишување не смета при вдишувањето, а бргу се суши, затоа што при вдишување поради кондензација лесно се навлажнува.[2]

Наводи уреди

  1. Stephen Regenold, It's a hat, it's a scarf, it's a wind screen, it's a ..., Seattle Post Intelligencer
  2. "Мали историјат" Архивирано на 23 јуни 2008 г., Официјално мрежно место

Надворешни врска уреди