Басилиск (аниме)
TV animeBasiliskDirectorFumitomo KizakiStudioGonzoLicensor FUNimation Entertainment
MTV TürkiyeOriginal runApril 12, 2005 – September 20, 2005Episodes24
Басилиск (バジリスク〜甲賀忍法帖〜Bajirisuku ~KōgaNinpōChō~, Басилиск: Нинџа Документите на Кланот Кога) е Јапонски стрип и аниме. Стрипот е дело на Масаки Сегава и претставен во Јапонија во 2003 и 2004, заснован на новелата “Нинја документите на Кланот Кога” од Футаро Јамада претставен во 1958. Анимето кое е претставено во 2005 од страна на Студиото Гонзо, може да се каже дека е тесно поврзано со стрипот, но секако се разликува поради неколку комерцијални епизоди. Стрипот ја има добиено Коданша Стрип Наградата во 2004. Стрипот подоцна беше дополнет со продолжение под името Нинџа Документите на Јагију Кланот,кој исто така е заснован на новела од Футаро Јамада. Приказната се случува во 1614. Два нинџа кланови, Тцубагакуре од Ига Кланот и Манџидани од Куга Кланот се борат еден против друг за да се одлучи кој внук на Токугава Ијашу ќе стане следниот Шогун. Смртоносниот натпревар меѓу десетте елитни нинџи од секој клан ја избувнува сто-годишната омраза која се заканува да ја уништи и целата надеж за мир меѓу нив.
Историјат на приказната Во изгревот на Азучи-Момојама династијата во Јапонија(касниот 16 век), два ривални клана на Нинџите, Ига Тцубагакуре и Куга Манџидани, се вмешани во горко-крвава војна за одмазда која се протегала низ векови. Борбите конечно завршуваат кога Хатори Ханзо I-от успева да воведе прекин на огнот меѓу клановите преку нивно заедничко задолжување за служење под Токугава Ијашу(човекот кој имал амбиции да стане Шогун и да ја формира првата Јапонска стабилна форма на централно уредување). Иако заедно, непријателството и лошата крв постоела сè уште меѓу Куга и Ига, но бар ветувало некаков соживот. Идеме напред до годината 1614; Ијашу се повлекува од престолот(иако сè уште дејствува голема внимание во управувањето) и го предава на својот син Хидетада. За жал, изникнува караница за наследството т.е на кој од внуците на Ијашу му е судено да стапне на престолот откако нивниот татко конечно ќе се повлече. Алчните за власт поданици почнуваат да заземаат страни и Токугава Шогунатот е на раб на расформирање. Во обид да го реши проблемот пред да излезе од контрола, Ијашу дава наредба, пактот за ненапаѓање меѓу Куга и Ига да биде раскинат и веднаш наредува секој клан да прати по 10 од нивните најдобри нинџи да влезат во крвав натпревар да убиеш или да бидеш убиен. Водачите на двата клана се убиваат меѓусебно уште веднаш, надвор пред ѕидините на палатата, оставајќи по 9 нинџи од двата клана да ја решат битката. Добивајќи ја потерницата прилично рано, кланот Ига убива уште четворица од кланот Куга додека другиве да сватат дека пактот е прекинат. Но, откако Куга ќе разберат за потерницата, одма ќе возвратат убивајќи ги скоро сите членови на Ига кланот форсирајќи и тестирајќи ги новопечените водачи колку се силни и способни да командуваат земајќи предвид нивната взаемна љубов. Нешто пред да почнат конфликтите, наследниците на Куга и Ига(Генносуке и Оборо) си имаа дадено завет со надеж дека нивната љубов, конечно, ќе стави крај на долговековната омраза меѓу клановите. Исфорсирани во конфликт во кој не сакаа да имаат никаква улога, на спротивни страни, Генносуке и Оборо ќе мораат да одлучат дали да го убијат тој што го сакаат или да го одведат целиот клан во истребување. Во време на долгогодишна стара омраза и хорори од војни, дали е љубовта дури способна да преживее? Секој клан ќе претставува една од двете страни кои ги поддржуваат внуците на Ијашу; имињата на нивните селектирани борци се впишани на идентични потерници кои треба да бидат маркирани со крв по смртта на секој од борците. Кланот кој ќе ги убие 10те борци од потерницата прв, ќе добие предност во наредните 1000год. ,додека внукот кој тие го претставувале ќе биде прогласен за неприкосновен наследник во Шогунатот.
Разлики меѓу Стрипот и Анимето Иако анимето го следи оригиналниот стрип во скоро ист редослед, постојат неколку мали разлики. Највпечатливи се спомените(како тој во првата епизода, за тоа како љубовта на Оген и Данџу дошла до крај) исто како и додатните сцени кои се случуваат само во анимето; и едните и другите служат за раширување на карактерите и минатото. Една од најлесно впечатливите сцени додадени во анимето е епилогот т.е како завршува последната епизода, каде што сакале да додадат чувство на блискост за разлика од стрипот кај што крајот е веднаш по двобојот на Генносуке и Оборо. Други разлики вклучуваат сцените со борби кои се случуваат во различен редослед(во стрипот, Оборо го открива обидот на Џингоро да го убие Генносуке пред да го сопре двобојот на Акегину и Јусуке додека во анимето редоследеот е обратен), исто и за откриените гради кои се потскриваат во анимето со некои додатоци додека кај стрипот нема таква тенденција. Иако, при крајот на анимето, голи гради можат да се видат во неколку ситуации.
Наводи
уреди- Fumitoro Kizaki (Director). Basilisk-Koga Ninpocho [TV-Series] GONZO/Kodansha/Japan Digital Concepts: Japan. 2005
- Masaki Segawa (Manga artist). Basilisk-Koga Ninpocho [Manga] Kodansha: Japan. 2003-2004
- Futaro Yamada (Author). Koga Ninpocho [novel] Japan. 1958
- Ten Shimoyama (Director) Shinobi: Heart Under Blade (DVD) Japan. 2005
Надворешни врски
уреди- Official Japanese website Архивирано на 7 декември 2004 г. (јапонски) dead link
- Official Basilisk broadband site Архивирано на 20 февруари 2005 г. (јапонски) dead link
- Official FUNimation website
- Basilisk - Koga Ninpocho Архивирано на 13 февруари 2012 г. (француски)
Басилиск (аниме) |