Бартл Фрир (англиски: Bartle Frere) или Чоречилум (дијарбалски: Choorechillum[1]) е највисока планина во Квинсленд, Австралија. Планината има надморска висина од 1611 метри. Планината е именувана по Хенри Бартл Фрир, британски колонијален администратор и тогашен претседател на Кралското географско друштво, а подоцна и британски гувернер во Колонијата Кејп (денес ЈАР).

Бартл Фрир
Чоречилум
Поглед кон планината.
Највисока точка
Надм. вис.1611 м
Координати17°23′S 145°49′E / 17.383° ЈГШ; 145.817° ИГД / -17.383; 145.817
Друго имеЧоречилум
Географија
Бартл Фрир на карта

Карта

МестоКвинсленд, Австралија
Матичен венецБеленден Кер
Искачување
Прво освојувањеКристи Палмерстон, 26 октомври 1886
Најлесен патзападна страна

Планината се наоѓа на 51 километар[2] јужно од Кернс во националниот парк Вороноран. Планината е дел од планинскиот венец Беленден Кер. Падножјето на планината е целосно покриено со шуми.

Историја

уреди

Првиот Европеец што ја искачил планината е Кристи Палмерстон во 1886 година. Тој запалил дрво на самитот „П 26 октомври '86 година“.[3] Нејзиниот непосреден сосед, планината Беленден Кер е втора по височина планина во Квинсленд со 1593 метри.

Искачување

уреди

Врвот на планината Бартл Фрир, кога не е покриен со облаци, нуди можност да се видат крајбрежните низини и Абертоновите рамнини.[4] Искачувањето може да биде прилично стрмно на места со потреба од алат. Познато е дека во областа се случуваат ненадејни временски промени. Искачувањето на врвот може да биде прилично лошо и многу туристи се губат, некои неколку дена, додека се искачуваа на планината.[4] Главните причини за ова се непредвидливите временски услови, слабата подготовка и повремено нејасни обележувачи на патеката. Како и да е, искусен алпинист не треба да има проблем да се искачи на врвот.

Наводи

уреди
  1. Wonga, Annie. „Traditional Owners“. Babinda Information Centre. Посетено на 6 September 2020.
  2. „Great Circle Distance between Cairns and Bartle Frere (North Peak)“. Geoscience Australia. Архивирано од изворникот на 4 June 2011. Посетено на 15 February 2010.
  3. 'The Diary of a Northern Pioneer' Christie Palmerston's Experiences published in Queensland Figaro 23 April 1887
  4. 4,0 4,1 Department of Environment and Resource Management. „Bartle Frere trail, Wooroonooran National Park“. The State of Queensland. Архивирано од изворникот на 27 November 2012. Посетено на 27 May 2010.

Надворешни врски

уреди