Балтакова Чука
врв на Малешевските Планини во Петричко, Пиринска Македонија
Балтакова Чука (бугарски: Балтакова чука) — врв на Малешевските Планини помеѓу Беровско во Македонија и Петричко, Пиринска Македонија. Се издига на висина од 1.226 м на главното планинско било, јужно од врвот Чукара. Сочинет е од метаморфни карпи. Има куполест облик со стрмни источни и југоисточни падини кои се спуштаат кон долината на реката Лебница.[1]
Балтакова Чука | |
---|---|
Балтакова чука | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 1.226 м |
Координати | 41°32′32″N 22°58′06″E / 41.5422° СГШ; 22.9683° ИГД |
Друго име | Балтакова чука |
Географија | |
Место | Беровско, Македонија Петричко, Пиринска Македонија |
Матичен венец | Малешевски Планини |
Низ Балтакова Чука минува државната граница меѓу Македонија и Бугарија.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Енциклопедия „Пирински край“, том I. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1995. стр. 59. ISBN 954-90006-1-3.