Балканска зора
Балканска зора (Anthocharis gruneri) е пеперутка од видот на пеперутки белци.
Балканска зора | |
---|---|
Музејски примерок | |
Научна класификација [ у ] | |
Непознат таксон (попр): | Anthocharis |
Вид: | Балканска зора |
Научен назив | |
Anthocharis gruneri (Herrich-Schäffer, 1851) |
Распространетост
уредиПеперутката живее на Балканот, Мала Азија и Кавказот. Во Македонија живее посебен подвид на зората. Во Ерменија на пример, пеперугата живее во шумски и тревни предели на надморска висина од 400 до 2000 метри[1]
Опис
уредиОваа пеперуга има јасни видливи разлики помеѓу машкиот и женскиот пол. Долниот дел од горната страна кај мажјакот и кај женката се слични, односно бели со темни шари, но се разликуваат во нијансите на боите. Предниот дел од горната страна е поделен на бело и портокалово поле со црна бордура и црни врвови кај мажјаците, додека пак кај женките има бела боја наместо портокалова. Телото и антените се црни. Долната страна е слична со горната но се забележително потемни нијанси кај двата пола.[2]
Подвидови
уреди- Anthocharis gruneri gruneri
- Anthocharis gruneri armeniaca Christoph, 1893
- Anthocharis gruneri macedonica (Buresch, 1921)
- Anthocharis gruneri parnassi (Bernardi, 1970)
- Anthocharis gruneri fereiduni (Carbonell et Back, 2009)
- Anthocharis gruneri eros (Röber, 1907)
- Anthocharis gruneri zamanii Naderi et Back, 2019
Галерија
уреди-
Цртеж од Зајц
Наводи
уреди- ↑ Butterfly Conservation Armenia. „State of Anthocharis gruneri in Armenia“. Butterfly Conservation Armenia. TSE NGO. Посетено на 18 February 2018.
- ↑ Julius Röber, 1909 Pieridae, pp. 39-74, 374, pls. 17-27. In: Seitz, A. (ed.), Die Groß-Schmetterlinge der Erde. 1. Band. Die palaearctischen Tagfalter. – Stuttgart, Fritz Lehmann.
Поврзано
уреди„Балканска зора“ на Ризницата ? |