Бакнеж (германски Der Kuss) — масло на платно со додадени златни ливчиња, сребро и платина. Оваа слика е најпозната од многуте слики на австрискиот сликар Густав Климт. Изработена е во техника масло на платно, со додадени сребрени и златни листови. Потекнува од неговата „златна фаза“, која се одликува со формална стилизација и интензивна декоративна лирика. Создадена е помеѓу 1907 и 1908 година. Се чува во галеријата Белведере во Виена, Австрија. Ова ремек-дело на раната модерна уметност е симбол на виенскиот Арт нуво[1].

Бакнеж (Љубовници), масло и златен лист на платно, 1907-1908. Австриска галерија Белведере, Виена, 180 cm × 180 cm

Историјат уреди

„Бакнеж“ е најпознатата слика на Климт и се смета за икона на модерната уметност. Таа е една од најпопуларните слики во светот. Многупати се препечатува, не само на репродукции кои можат да се најдат насекаде, од апартмани до хотелски лобија, туку и на бројни други предмети за секојдневна употреба (шолји за кафе, вратоврски, чанти...). Создадена е во 1908 година и припаѓа на таканаречената „златна фаза“ на Климт, во која тој развил нова техника на комбинирање златни листови, масло и бронзена боја.

Климт обично сликал многу бавно. Му требале неколку години да заврши некои од сликите. Сепак, оваа брзо ја завршил бидејќи сакал да ја покаже на изложбата на портрети во Виена. Кога сликата за прв пат била изложена, таа не се викала „Бакнеж“, туку „Љубовници“ и не била завршена до крајот на изложбата.

Делото на Климт, особено она од подоцнежниот период, се одликува со употреба на интензивни бои, златни позадини, украсни изгледи, еротски елементи и тешка симболика. Иако неговото творештво било контроверзно, тој имал силно влијание врз културниот свет на неговото време, воспоставувајќи го Климт како многу популарен сликар во виенското општество. Бакнежот го претставува почетокот на либерализмот во сликарството на Климт и еротиката која останала силна и присутна во неговите дела до крајот.[2].

Опис уреди

Сликата „Бакнеж“ прикажува маж и жена кои страсно се бакнуваат на брегот на езерото, покриени со трски и цвеќиња околу нозете на жената. Нивните прилепени тела имаат неодредени облици, па изгледаат како една личност. Жената клечи, а главата ѝ е потпрена на рамо, а раката на мажот ја држи. Мажот стои и ја прегрнува жената, а неговата прегратка го обликува хармоничното единство на двете тела. Неговата глава е навалена напред и се потпира на главата на жената, додека таа го чека неговиот бакнеж со затворени очи. Телата на мажот и жената на сликата делумно се поврзани со луксузна облека во светли бои украсени со низа шарени форми. Облеката на мажот има остри правоаголни орнаменти, црно-бели „машки“ форми. Женската облека има помеки форми, цветна е и визуелно е поврзана со цветната покривка. Таа клекнува и симболично се поврзува со мајката природа. Нејзиниот изглед содржи неколку геометриски форми кои ја поврзуваат со мажот и го симболизираат нивното единство. Нивната љубовна врска е истакната во едвај забележливата граница на нивните тела, поради речиси идентичното плетење на форми што симболично ги одвојува од остатокот од светот[3].

Примарните бои на сликата се златна, кафена, жолта и зелена. На позадината се златни летоци кои внесуваат длабочина на оваа слика. На листовите има злато, облека и точки расфрлани на платното. Климт користел осум различни видови златни листови. Климт нанел бои и шелак на златото за да добие различни видови сјај. Она што ја прави оваа слика толку посебна не е самата тема, туку златното шаренило и контрастот на квадратните дезени на машката фигура со кружната на женската. Мешавината на Истокот и Западот, која како златната боја зрачи од оваа слика, ја прави особено хармонична и привлечна за набљудувачот.

Моделите на сликата укажуваат на стилот на Арт нуво и органските форми на движењето „Уметност и занает“. Во исто време, позадината предизвикува конфликт помеѓу дводимензионалноста и тридимензионалноста својствена за делата на Едгар Дега и другите модернисти. Употребата на златни листови потсетува на средновековни слики, илуминирани ракописи и на рани мозаици. Машката глава завршува многу блиску до врвот на платното, што е отстапување од традиционалните западни канони и го отсликува влијанието на јапонизмот, како и поедноставена композиција на сликата. Употребата на златото на Климт била инспирирана од патувањето во Италија во 1903 година, за време на кое тој ја посетил Равена и видел византиски мозаици во базиликата Сан Витале.

Композицијата открива префинета елеганција и чувство за ред, евоцирани со помош на два различни блока на боја и доминација на жолти и златни нијанси. Двете тела формираат исправена издолжена маса на боја која се истакнува на златна позадина. Љубовната врска на овие два лика е истакната во едвај забележливата граница на нивните тела поради речиси идентичниот ткаат (шилести спирали, заоблени форми на растенија, кругови и овални форми), што ги обвива и ги одвојува од остатокот од светот како мембрана. Кога сликата би била поделена на половина, двете половини би биле целосно асиметрични бидејќи сите важни детали би биле на десната страна, додека левата страна би била целосно апстрактна. Сликата е исклучително рамна и дводимензионалниот простор е идентичен со оној во византиските мозаици, кои Климт ги проучувал во Равена. Просторот без длабочина и перспектива е составен од разнобојни пудрански маси кои се целосно аморфни (без контури), но исклучително декоративни и ја оживуваат секоја површина со светлина и боја[4].

Мотив и инспирација уреди

Женското лице на сликата Бакнеж (лево) е портрет на Емили Флеге (десно). Се верува дека сликата ја опишува романтичната врска помеѓу сликарот и Емили Флeге, жена чие име авторот го изговорил на смртната постела. Фигурата на мажот може да биде Климт, а жената да е Емили. Тој го напишал нејзиното име на скиците на сликата. Емили Флеге, млада модна дизајнерка, била музата на Климт, која и покрај бројните афери на сликарот живеела со него дваесет години. Односот меѓу уметничката двојка во тоа време бил сосема необичен и надвор од тогашните рамки. Тие биле самостојни и решиле да имаат врска без деца, живеејќи боемски живот. Таа била успешна стопанственичка и дизајнерка, иако останала непризнаена во модната историја.

Исто така, постојат мислења дека во оваа слика Климт го претставил бакнежот на Аполон и Дафне, следејќи го заплетот на епската Метаморфоза на Овидиј[5].

Поврзано уреди

Библиографија уреди

  • . ISBN 978-5-17-085501-8. Занемарен непознатиот параметар |место= (help); Занемарен непознатиот параметар |заглавие= (help); Занемарен непознатиот параметар |ответственный= (help); Занемарен непознатиот параметар |страниц= (help); Занемарен непознатиот параметар |год= (help); Занемарен непознатиот параметар |издательство= (help); Занемарен непознатиот параметар |автор= (help); Отсутно или празно |title= (help)
  • . ISBN 978-5-699-75704-6. Занемарен непознатиот параметар |место= (help); Занемарен непознатиот параметар |заглавие= (help); Занемарен непознатиот параметар |страниц= (help); Занемарен непознатиот параметар |год= (help); Занемарен непознатиот параметар |издательство= (help); Занемарен непознатиот параметар |серия= (help); Занемарен непознатиот параметар |автор= (help); Отсутно или празно |title= (help)
  • Празен навод (help)
  • . ISBN 978-5-699-54846-0. Занемарен непознатиот параметар |место= (help); Занемарен непознатиот параметар |заглавие= (help); Занемарен непознатиот параметар |страниц= (help); Занемарен непознатиот параметар |год= (help); Занемарен непознатиот параметар |издательство= (help); Занемарен непознатиот параметар |автор= (help); Отсутно или празно |title= (help)
  • Празен навод (help)
  • . ISBN 0-7894-4603-0. Занемарен непознатиот параметар |место= (help); Занемарен непознатиот параметар |заглавие= (help); Занемарен непознатиот параметар |страницы= (help); Занемарен непознатиот параметар |страниц= (help); Занемарен непознатиот параметар |год= (help); Занемарен непознатиот параметар |издательство= (help); Занемарен непознатиот параметар |автор= (help); Занемарен непознатиот параметар |ссылка= (help); Отсутно или празно |title= (help)
  • . ISBN 978-0807608067. Занемарен непознатиот параметар |язык= (help); Занемарен непознатиот параметар |место= (help); Занемарен непознатиот параметар |заглавие= (help); Занемарен непознатиот параметар |allpages= (help); Занемарен непознатиот параметар |год= (help); Занемарен непознатиот параметар |издательство= (help); Занемарен непознатиот параметар |автор= (help); Занемарен непознатиот параметар |ссылка= (help); Отсутно или празно |title= (help)
  • . ISBN 978-3-85033-628-4. Занемарен непознатиот параметар |издатель= (help); Занемарен непознатиот параметар |заглавие= (help); Занемарен непознатиот параметар |ответственный= (help); Занемарен непознатиот параметар |год= (help); Занемарен непознатиот параметар |издательство= (help); Занемарен непознатиот параметар |alleseiten= (help); Занемарен непознатиот параметар |место= (help); Отсутно или празно |title= (help)
  • Празен навод (help)
  • . стр. 115—119. ISBN 3-8228-7213X. Занемарен непознатиот параметар |место= (help); Занемарен непознатиот параметар |заглавие= (help); Занемарен непознатиот параметар |ответственный= (help); Занемарен непознатиот параметар |allpages= (help); Занемарен непознатиот параметар |год= (help); Занемарен непознатиот параметар |часть= (help); Занемарен непознатиот параметар |автор= (help); Занемарен непознатиот параметар |ссылка= (help); Занемарен непознатиот параметар |издательство= (help); Отсутно или празно |title= (help)
  • . ISBN 978-3-8365-6287-4. Занемарен непознатиот параметар |место= (help); Занемарен непознатиот параметар |заглавие= (help); Занемарен непознатиот параметар |год= (help); Занемарен непознатиот параметар |издательство= (help); Занемарен непознатиот параметар |автор= (help); Занемарен непознатиот параметар |alleseiten= (help); Отсутно или празно |title= (help)
  • . ISBN 978-3-86859-309-9. Занемарен непознатиот параметар |заглавие= (help); Занемарен непознатиот параметар |ответственный= (help); Занемарен непознатиот параметар |год= (help); Занемарен непознатиот параметар |издательство= (help); Занемарен непознатиот параметар |автор= (help); Занемарен непознатиот параметар |alleseiten= (help); Отсутно или празно |title= (help)
  • Alfred Weidinger, Stefanie Penck: Gustav Klimt, der Kuss „Liebespaar“. Jovis Verlag, Berlin 2013, ISBN 978-3-86859-309-9.
  • Alfred Weidinger: Der Kuss. In: Gustav Klimt. Prestel Verlag, München 2007, Nr. 189, ISBN 978-3-7913-3763-0, S. 287 f.
  • Abenteuer Kunst: Gustav Klimt, Märchen aus Farbe. Prestel Verlag, München 2006, ISBN 3-7913-3462-X.
  • Kunsthaus Zürich: Gustav Klimt. Verlag Gerd Hatje, Stuttgart 1992, ISBN 3-7757-0339-X.
  • Julio Vives Chillida: El significado iconográfico de “El beso (los enamorados)” de Gustav Klimt. comunicació al I Coup de Fouet International Art Nouveau congress. Barcelona, Juni 2013. Ebook (Universitat de Barcelona, 2015. artnouveau.eu PDF).

Наводи уреди

Надворешни врски уреди