Бакева пирамида
Бакева пирамида — исто така позната како Незавршената северна пирамида на Завиет Ел Аријан или Пирамида од Бака и Пирамида на Бикерис, се називите што археолозите и египтолозите ги користат за да опишат голем дел од затворен ров од незавршената пирамида во Завит Ел Ариан во Египет. Од страна на најпознатите научници таа се датира на почетокот или средината на 4-тата династија (2613-2494 п.н.е.) за време на периодот на Старото египетско кралство. Сопственикот на пирамидата не е познат и сè уште не е точно утврден, а повеќето египтолози, како што е Мирослав Вернер, сметаат дека оваа пирамида би требало да биде на крал познат под неговото хеленизирано име, Бихерис, можеби од египетската Бака. Во спротивност, Волфганг Хелк и други египтолози се сомневаат во оваа претпоставка[1].
Наводи
уреди- ↑ Wolfgang Helck, Eberhard Otto: Lexikon der Ägyptologie, vol. 5. Harrassowitz, Wiesbaden 1984, ISBN 3447024895, p. 310, 497-498.