Бавнопулсирачка ѕвезда од типот B

Бавнопулсирачка ѕвезда од типот B (крат. SPB, од анг. slowly pulsating B-type star; порано наречена променлива ѕвезда од типот на 53 Персеј) — вид пулсирачка променлива ѕвезда. Ваквите ѕвезди можат да се наречат и долгопериодични пулсирачки ѕвезди од типот B (LPB).[1] Ова се ѕвезди во главната низа од спектрален тип B2 до B9 (3 до 9 пати помасивни од Сонцето) кои пулсираат со периоди помеѓу половина ден и пет дена,[2] но највеќето имаат повеќекратни периоди на пулсирање.[3] Покажуваат променливост како во светлината, така и во профилот на спектралната линија. Величинските промени обично се помали од 0,1 величина,[2] поради што променливоста тешко се забележува со око. Таа се зголемува со намалувањето на брановата должина,[3] што значи дека промените се повоочливи во улравиолетовиот спектар отколку од видливата светлина. Пулсирањата се нерадијални, поради што пулсирањата се промена на обликот.[4]

Овие ѕвезди за првпат се препознаени како одделна група во 1985 г. додека астрономите Кристофел Валкенс и Фреди Руфенер ја анализирале променливоста на врели сини ѕвезди. Со подобрувањата во фотометрија, помалите величински промени станале полесно забележливи, со што тие заклучиле дека голем дел од врелите ѕвезди се по природа променливи. Ги нарекле ѕвезди од типот на 53 Персеј, според нивниот прототип — 53 Персеј (53 Per).[5] До 1993 г. откриени се десет такви ѕвезди, иако сега Валкенс не бил сигурен дали прототипот навистина е член на групата, па затоа препорачал да се наречат бавнопулсирачки B-ѕвезди (SPB).[3] Општиот каталог на променливи ѕвезди го користи акронимот LPB за „споредбено долгопериодични пулсирачки B-ѕвезди (периоди поголеми од еден ден)“,[6] иако оваа терминологија ретко се среќава на друго место.[7]

Сличните променливи од типот на Бета Кефеј (бета-кефеиди) имаат пократки периоди и пулсираат на p-начин, додека пак SPB-ѕвездите пулсираат на g-начин.[8] Во 2007 г. била позната 51 SPB-ѕвезда, а други 65 се укажани како можни. Кај шест ѕвезди — Јота Херкул, 53 Риби, Ни Еридан, Гама Пегаз, HD 13745 (V354 Персеј) и 53 Овен — е забележана истовремено бетакефеидска и SPB-променливост.[9]

Список

уреди

Следува список на избрани бавнопулсирачки ѕвезди од типот B кои се од особен интерес за аматерската и професионалната астрономија. Сите величини се во V-појасот, освен ако не е поинаку наведено.

Ѕвезда
Просечна
величина
Спектрален
тип
Период
(денови)
Оддалеченост
(парсеци)
Гама Пегаз 2,84 B2IV [б 1] 113
Зета Пегаз 3,41 B8V 0,96 63
Омикрон Едро 3,63 B3IV 2,80 151
Јота Херкул 3,80 B3IV 3,49 139
Гама Мува 3,88 B3V 2,73 100
Тау Херкул 3,90 B5IV 1,25 94
Ни Еридан 3,92 B2III [б 1] 207
Ми Еридан 4,00 B5IV [б 2] 160
Ро Волк 4,05 B5V 0,45 97
HD 105382 4,47 B6IIIe 1,30 134
Тау8 Еридан 4,63 B5V 0,86 116
Ни Паун 4,64 B7III 0,86 135
HY Едро 4,82 B3IV 1,55 148
HD 131120 5,01 B7IIIp 1,57 151
HR 5780 5,17 B5V 1,26 122
3 Лисица 5,19 B6III 1,26 120
12 Гуштер 5,23 B2III [б 1] 411
WZ Гулаб 5,29 B9,5V 1,38 131
V575 Персеј 5,30 B5V 166
Кси Октант 5,31 B6V 1,77 151
40 Бик 5,33 B5V 1,53 196
25 Змија 5,39 B8III 0,87 188
GU Еридан 5,43 B5IV 1,87 200
HR 3600 5,54 B5V 132
KL Едро 5,56[10] B8 2,91 212
HD 1976 5,58 B5IV 1,06 307
V450 Кобилица 5,64 B9III+B8V 1,65 151
EO Лав 5,66 B2V 2,78 289
V539 Олтар 5,71 B2/B3Vnn [б 2] 303
HD 128207 5,73 B8V 0,48 147
HD 27563 5,84 B5III 3,80 242
26 Големо Куче 5,90 B2IV/V 2,73 257
16 Еднорог 5,92 B3V 1,94 263
V335 Едро 5,93 B,25III 3,76 704
V869 Кентаур 5,96 B9IV 1,46 251
V363 Крма 5,97 B2,5V+B9V 0,70 278
V433 Кочијаш 5,99 B2IV-V 4,64 325
V1141 Бик 6,00 B8IV-V 0,62 170
HD 206540 6,05 B5IV 1,39 215
HR 1397 6,07 B6IV 1,26 198
V576 Персеј 6,09 B7V 0,84 159
V2100 Лебед 6,11 B5III 2,61 239
HR 2517 6,15 B2,5III 2,56 2500
V492 Кобилица 6,18 B3V 1,06 370
HR 1328 6,20 B9V 0,38 121
V4199 Стрелец 6,26 B5III 1,24 240
HR 3562 6,26 B3IV 370
V4198 Стрелец 6,28 B8V 1,19 186
V377 Гуштер 6,32 B7III 2,62 305
DY Жирафа 6,32 B8IV 0,97 236
HR 2680 6,33 B3V [б 2] 258
V473 Кобилица 6,35 B5V 0,95 218
V405 Гуштер 6,37 B5V 1,02 170
HD 34798 6,39 B5Vs 1,28 263
HD 176582 6,40 B5V 1,58 292
V1377 Орион 6,41 B3III 1,01 476
HR 8768 6,42 B2V 3,25 326
GY Еридан 6,42 B3V 1,33 220
QZ Едро 6,49 B1IIIn 1,03 813
V550 Лира 6,49 B3V 1,69 379
HD 208727 6,50 B8V 0,32 330
HD 43317 6,61 B3IV [б 1] 369
23 Секстант 6,64 B3,2IV [б 1] 769
HD 33331 6,90 B5III 1,15 296
HD 163868 7,36 B5Ve [б 3] 588
HD 163899 8,30 B2Ib/II 23,20
HD 50209 8,36 B9Ve 0,67 694

Белешки

уреди

Наводи

уреди
  1. Samus', N. N; и др. (2017). „General catalogue of variable stars“. Astronomy Reports. GCVS 5.1. 61 (1): 80. Bibcode:2017ARep...61...80S. doi:10.1134/S1063772917010085. S2CID 125853869.
  2. 2,0 2,1 Otero, S. A.; Watson, C.; Wils, P. „Variable Star Type Designations in the VSX“. AAVSO Website. American Association of Variable Star Observers. Посетено на 11 мај 2014.
  3. 3,0 3,1 3,2 Waelkens, Christoffel (1993). „Slowly Pulsating B Stars“. Во J. M. NEMEC (Ed), Jaymie M. Matthews (уред.). New Perspectives on Stellar Pulsation and Pulsating Variable Stars: IAU Colloquium 139. Cambridge University Press. стр. 180–82. ISBN 978-0-521-44382-1.
  4. John R. Percy (2007). Understanding Variable Stars. Cambridge University Press. стр. 137–38, 200–02. ISBN 978-1-139-46328-7.
  5. Waelkens, Christoffel; Rufener, Fredy (1985). „Photometric variability of mid-B stars“. Astronomy & Astrophysics. 152 (1): 6–14. Bibcode:1985A&A...152....6W.
  6. Samus, N. N.; Durlevich, O. V.; и др. (2009). „VizieR Online Data Catalog: General Catalogue of Variable Stars (Samus+ 2007-2013)“. VizieR On-line Data Catalog: B/GCVS. Привчно објавено во: 2009yCat....102025S. 1. Bibcode:2009yCat....102025S.
  7. „VARIABLE STAR TYPE DESIGNATIONS IN VSX“. Посетено на 8 декември 2016.
  8. Miglio, A. (2007). „Revised instability domains of SPB and β Cephei stars“. Communications in Asteroseismology. 151: 48–56. arXiv:0706.3632. Bibcode:2007CoAst.151...48M. doi:10.1553/cia151s48. ISSN 1021-2043.
  9. de Cat, P. (2007). „Observational Asteroseismology of slowly pulsating B stars“. Communications in Asteroseismology. 150: 167–74. Bibcode:2007CoAst.150..167D. doi:10.1553/cia150s167.
  10. Samus, N. N.; Durlevich, O. V.; и др. (2009). „VizieR Online Data Catalog: General Catalogue of Variable Stars (Samus+ 2007-2013)“. VizieR On-line Data Catalog: B/GCVS. Originally Published in: 2009yCat....102025S. 1. Bibcode:2009yCat....102025S.