Бабушкинскаја (Московско метро)
Бабушкинскаја (руски: ВДНХ) — станица на московското метро во Бабушкински, Москва, Русија. Се наоѓа на линијата Калужско-Рижскаја, помеѓу станиците Медведково и Свиблово.
Бабушкинскаја Бабушкинская | |
---|---|
Општи информации | |
Место | Бабушкински Североисточен административен округ Москва Русија |
Сопственик | Московски Метрополитен |
Линии | Калужско-Рижскаја |
Перони | 1 |
Колосеци | 2 |
Поврзана со | Автобус: с15, 124, 181, 238, 238к, 346, 349, 393, 605, 649, 696, 880, 928, н6 Трамвај: 17 |
Објект | |
Длабочина | 10 метри |
Нивоа на пероните | 1 |
Паркинг | не |
Пристап за инвалиди | не |
Архитект | В. И. Клоков и Л. Н. Попов |
Други информации | |
Код на станицата | 087 |
Историја | |
Отворена | 29 септември 1978 |
Историја
уредиСтаницата била отворена на 29 септември 1978 година, како дел од делот ВДНХ - Медведково, по што московското метро добило 107 станици.
Бабушкинскаја го добила името по округот Бабушкински каде се наоѓа станицата, кој пак го добил името по Михаил Бабушкин, поларен авијатичар.
На 29 март 2020 година поради пандемијата на коронавирус во Русија, раководството на московското метро привремено ја преименувало станицата во „ДомаБабушкинскаја“ (руски: Домабабушкинская) што значело „Баба дома“ за да ги потсетува постарите московски граѓанин да останат дома.[1]
Дизајн
уредиБабушкинскаја е станица од типот на свод, елипсовидна во пресек со благо закосени, сиви мермерни странични ѕидови. Сите знаци и светлосни тела се прикачени на таванот, така што платформата е целосно отворена, освен неколку минималистички клупи сместени по централната оска. На крајот на платформата, над излезните скали, се наоѓа скулптура од А. М. Мосичук во спомен на арктичкиот лет на Бабушкин.
Влезовите на станицата се наоѓаат на пресекот на улиците Јенисејскаја и Менжинского.
Наводи
уреди- ↑ „Московское метро временно «переименовало» две станции из-за коронавируса“. РБК (руски). 2020-03-29. Посетено на 2023-08-04.