Баблика
вид растение
Баблика или обична баблика (науч. Aria edulis или Sorbus aria) — вид листопадно дрво од семејството на розите (Rosaceae). Автохтон е во речиси цела Европа, делови од Северна Африка (Алжир, Мароко, Тунис) како и умерените краишта на Западна Азија (Ерменија, Грузија).[2] Во Македонија е распространет во високите делови на планините низ целата земја.[3] Има мали димензии и засводена крошна, а листовите оздола се светлосиви. Претпочита варовнички и кредни почви. Цветовите се двополови и кремасто бели, собрани во штитовидни соцветија. Тие се појавуваат во мај и се опрашуваат од инсекти. Плодовите се жолто-црвеникави бобинки со кои се хранат птиците, а за човекот се јадливи кога ќе презреат.[4] Во Македонија од нив се прави оцет и ракија.[3]
Баблика | |
---|---|
Научна класификација [ у ] | |
Царство: | Растенија |
клад: | Скриеносеменици |
клад: | Евдикоти |
клад: | Розиди |
Ред: | Розовидни |
Семејство: | Рози |
Род: | Баблики |
Вид: | Баблика |
Научен назив | |
Aria edulis (Willd.) M.Roem. | |
Распространетост | |
Синоними | |
Список
|
Галерија
уреди-
Пупки
-
Цветови
-
Лисја и бобинки
-
Ботаничка илустрација
Наводи
уреди- ↑ Rivers, M.C.; Beech, E. (2017). „Sorbus aria“. Црвен список на загрозени видови. 2017: e.T62861A112294405. doi:10.2305/IUCN.UK.2017-3.RLTS.T62861A112294405.en. Посетено на 19 ноември 2021.
- ↑ „Sorbus aria“. Информативна мрежа за гермоплазмени ресурси. Служба за земојоделско истражување, Министерство за земјоделство на САД. (англиски)
- ↑ 3,0 3,1 Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 111. ISBN 978-608-203-023-4.
- ↑ Mabey, Richard (2012). Food for Free. London: Collins. стр. 72. ISBN 978-000-743847-1.
Надворешни врски
уреди- Баблика на Ризницата ?
- „Баблика“ — Енциклопедија на живиот свет