Аџари
Аџарите (грузиски: აჭარლები, Ačarlebi) се етнографска група на Грузијци кои живеат во Аџарија во југозападна Грузија.
Религија
уредиЗа време на османлиското ропство во 16ти и 17 век, Аџарите го примиле исламот. Аџарите биле нарекувани уште и Грузијци-муслмимани, а на советскиот попис од 1926 биле сметани за посебна група, Аџари, посебно од Грузијците.
По распадот на СССР и независноста на Грузија, голем број на Аџари особено млади, се покрстиле и повторно ја примиле верата на нивните предци, православното христијанство. Во 1991 година, 75% од Аџарите биле муслимани, во 2006 година пак 63% биле православни христијани,[1] а денес до 75% се православни христијани.
Надворешни врски
уреди- Масовно покрстување на муслимани во Грузија - Агапи Архивирано на 3 јули 2014 г.
Наводи
уреди- ↑ Предлошка:Ge icon Autonomous Republic of Adjara, Department of Statistics. Архивирано на 13 април 2019 г.