Ајдучки Кладенец
Ајдучки Кладенец е граничен премин на македонско - бугарската граница, во близна на Пехчево на македонската страна.[1]
Во 2001 година Владата на Македонија издвоила средства во висина од еден милион тогашни германски марки за земјени работи и за пробивање на патот од Пехчево до преминот. Работите биле завршени за една година. Од бугарска страна за реализација на проектот не било направено ништо.
За отворање на преминот се заинтересирани 12 бугарски општини, од кои со три - Кресна, Симитли и Јакоруда, Пехчево е збратимена општина. Сега, за да се стигне до овие општини на бугарска страна, потребно е преку Делчево да се помине трипати подолг пат.
Наводи
уреди- ↑ 2011.08.10. Новите премини остареа неотворени. dnevnik.com.mk Архивирано на 21 септември 2011 г.