Ацко Вељановски
Ацко Стојков Вељановски (10 декември 1920 во Бабино, Демирхисарско — 1945 на Сремскиот фронт) — македонски партизан, учесник во НОБ.
Животопис
уредиАцко Стојков Вељановски е роден во селото Бабино. Се занимавал со земјоделство. Во НОБ стапил во септември 1944 година. Пред дефинитивното ослободување на земјата завршил подофицерски курс во Ќуприја, а потоа заминал на Сремскиот фронт, каде што во пролетта 1945 година загинал.[1]