Атлантска сива фока
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Chordata
Класа: Mammalia
Ред: Carnivora
Подред: Caniformia
Натсемејство: Pinnipedia
Семејство: Phocidae
Род: Halichoerus
Nilsson, 1820
Вид: H. grypus
Научен назив
Halichoerus grypus
(Fabricius, 1791)
Распространетоста на Атлантската сива фока

Атлантска сива фока (Halichoerus grypus) е цицач од семејството Phocidae.

Атлантската сива фока има препознатлива издадена муцка, слична на „римски“ нос. Возрасните фоки според бојата: обчино мажјаците се сиви, со бледи шари на многу посветла подлога. Мажјаците се два или трипати потешки од женките - што е најголема разлика меѓу фоките. Кога не ловат риби, сивите фоки времето го поминуваат лежејќи на карпите или спијеќи во водата во исправена положба (како шишиња), при што само носниците им ѕиркаат од водата. Се спаруваат на брегот, односно на плажите,а и понекогаш и на тревни површини подалеку од брегот. Кога ќе се родат, младенчињата имаат бело крзно, а на брегот остануваат два-три месеци пред да се осмелат да влезат во водата.[2][3]

Основни податоци

уреди
должина 1,8-2,3 м
тежина 250-400 кг
живеалиште карпести брегови, острови близу брегот
распространетост Северозападен Атлантик, Исланд, Британски Острови, Балтичко Море

Наводи

уреди
  1. Halichoerus grypus. IUCN Red List. Version 2008. International Union for Conservation of Nature. 2008. Посетено на 29 January 2009.
  2. Once again, coastal waters getting seals’ approval, Boston Globe, октомври 2009.
  3. Mowat, Farley, Sea Of Slaughter, Atlantic Monthly Press Publishing, First American Edition, 1984.

Надворешни врски

уреди