Атинагора Атински
црковен отец
Атинагора Атински (грчки: Αθηναγόρας ο Αθηναίος) бил христијански апологет, филозоф и учител.
Атинагора Атински | |
---|---|
Роден(а) | околу 133 |
Починал(а) | 190 |
Вера | Христијанин |
Од неговите дела денеска најпознато е "Legatio pro Christianis" (Молба за християните) како и "De resurrectione mortuorum" (За воскресувањето на мртвите), кое го напишал во околу 180 година.
Атинагора ги заштитувал христијаните од обвинувањето дека се атеисти, неморалисти. Во текот на својот живот, Атинагора, одбивајќи ги незнабожечките оптужби против христијаните за божемна антропофагија (човекојадство) кажал: “Како ние христијаните би можеле да убиваме луѓе, кога тврдиме дека оние жени кои употребуваат средства за пометнуваето се убијци и дека за тоа ќе одговараат пред Бога”.